ДУИ бара Филков да биде разрешен, се мешал во судството
ДУИ го обвини министерот за правда Игор Филков за директно мешање во судството и во обвинителството и бара тој да биде разрешен. Партијата потенцира дека извршната власт нема уставно право да сугерира како треба да постапува судството. Според ДУИ, улогата на Министерството за правда е да го заштити интегритетот и независноста на судството, особено во чувствителни случаи каде што постои политичка поларизација.
-Министерот, наместо да го штити системот од политички притисок, создава клима на однапред одредена одлука и врши јавен притисок врз обвинителите и судиите. Ваквите изјави го нарушуваат принципот на поделба на власта и го загрозуваат интегритетот на тековните постапки. Го повикуваме министерот да се воздржи од какво било понатамошно мешање и доколку оваа практика продолжи, тој треба веднаш да биде разрешен за да се заштити независноста на судството – соопшти ДУИ.
Од партијата најавија дека ќе ги информираат стратешките партнери, вклучувајќи ги Соединетите Американски Држави, Европската Унија и ОБСЕ, за овие случувања.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ДУИ бара Филков да биде разрешен, се…
ДУИ го обвини министерот за правда Игор…
ДУИ за Груби: Партии и активисти создаваат…
Демократската унија за интеграција изразува крајно негодување…
ДУИ за Груби: Правдата треба да биде…
Демократската унија за интеграција позитивно ја оценува…
СДСМ за враќањето на Груби: ДУИ го…
Прес конференција на СДСМ, Богданка Кузеска: Секој…
ДУИ му поднесе кривична на Филков
ДУИ му поднесе кривична пријава на министерот…