ДУИ го обвинува за нечовечки, понижувачки и дискриминаторски третман на 76 вработени во Министерството за меѓуетнички односи, сите Албанци

t

Демократската унија за интеграција најостро и без никакви резерви го осудува нечовечкиот, понижувачки и дискриминаторски третман на 76 вработени во Министерството за меѓуетнички односи, сите Албанци, кои се повикани на работа и затворени во канцеларии без минимални човечки услови и без никакви работни задачи, стои во соопштението на ДУИ. Сместувањето на десетици жени и мажи во три канцеларии, без столчиња, без работни маси, без компјутери, без елементарни средства и без било каков професионален ангажман, при што се принудени да стојат од 08:00 до 16:00 часот, претставува отворена форма на институционален мобинг и психолошка тортура.

Фактот дека овие вработени, за да го преживеат работниот ден, биле принудени да импровизираат седејќи на подот и носејќи ќебиња од дома, претставува државен срам кој го нарушува човечкото достоинство и ги крши сите законски, морални и европски стандарди. Оваа реакција на интегративците доаѓа откако вчера беше објавено видео во кое можеше да се видат душеци како импровизирани кревети и апарати за приготвување чај и тостови, токму во Министерството за меѓуетнички односи.

Вицепремиерот и ресорен министер Иван Стоилковиќ тврди дека просторијата ја користеле службеници кои биле отпуштени, а по „документирањето на состојбата“, како што напиша на социјалните мрежи , ги „испратиле да си спијат дома“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ДУИ го обвинува за нечовечки, понижувачки и…

Демократската унија за интеграција најостро и без…

Салиу: Скарани со сите, најслаби од сите,…

Секој народ си ги бира своите лидери,…

Надица утре требаше да слави 18 роденден,…

Во Кочани денеска се одржа 35 Марш…

Украдена бистата на Вера Јоциќ од парк…

На 26.12.2025 во 11:00 часот во СВР…

Евзони е блокиран за сите видови на…

Во 11:00 часот денеска поради протестот на…