ДУИ предлага ваучер од 3000 денари за работниците кои работат надвор од местото на живеење
ДУИ повторно излезе со свои барања за надминување на состојбата по кризата на Блискиот Исток. Од партијата забележуваат дека веќе една недела граѓаните се соочуваат со континуиран раст на цените на основните производи и на нафтените деривати. Оттаму додаваат дека Министерството за економија и Владата молчат, без ниту една конкретна мерка за ублажување на притисокот врз семејните буџети.
„Од понеделник се очекува ново зголемување на цените на дериватите. Ова директно ќе влијае врз цените на транспортот, храната и услугите, дополнително зголемувајќи ги трошоците за живот на граѓаните и за бизнисите.
Во ваква ситуација, улогата на институциите е да дејствуваат. До сега не видовме ниту план, ниту мерки за стабилизирање на пазарот и заштита на куповната моќ на граѓаните.
Демократската унија за интеграција смета дека постојат итни чекори што можат веднаш да се преземат:
-Линеарно зголемување на платите за 3500 денари, почнувајќи од мартовските плати.
-Привремено замрзнување на цените на основните прехранбени производи.
-Активирање на државните резерви на нафта, кои се набавени по цена пониска од 70 денари за литар, со цел да се ублажи пазарниот удар.
-Ваучер од 3000 денари за работниците кои работат надвор од местото на живеење, како компензација за зголемените трошоци за превоз“, кажаа од ДУИ.
Цената на нафтата варира, повторно се искачи над 100 долари за барел. Ако конфликтот на Блискиот исток не заврши брзо, не чека нова криза и подгревање на инфлацијата, велат економските експерти.
Иран веќе се закани дека цената на нафтата би можела драматично да скокне и да достигне 200 долари за барел. Од Владата велат дека треба да има фер цени на производите, оти нема да се дозволат отстапувања и профитерство.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ДУИ предлага ваучер од 3000 денари за…
ДУИ повторно излезе со свои барања за…
ДУИ: Кога во Владата има заробен и…
Демократската унија за интеграција (ДУИ) упати директни…
ВРЕДИ: Паника во ДУИ од црната кутија…
„Артан Груби е црната кутија на ДУИ.…
ДУИ бара Филков да биде разрешен, се…
ДУИ го обвини министерот за правда Игор…
ДУИ за Груби: Партии и активисти создаваат…
Демократската унија за интеграција изразува крајно негодување…