„Дура“ затвори, „Аптив“ ќе затвори до крај на 2026 година, со двете компании сме на Арбитража, ги прекршиле договорите за државна помош

t

Минимум еднаш годишно правиме ревизија на секоја компанија која има државна помош. Целта ни е да утврдиме дали од нивна страна ги почитуваат сите обврски кои произлегуваат од тој договор. И за „Аптив“ и за „Дура“ беа побарани такви ревизии и за „Дура“ се утврди дека имаат прекршување на договорот за државна помош, изјави Гоце Димовски, директор на ТИРЗ, во вечерашното интервју во „Топ тема“ на ТВ Телма.

„Од наша страна беа преземени мерки и активности за наплата на таа државна помош и плус затезната камата што е утврдена согласно договорот. „Дура“ повеќе не е оперативна, не произведува. За објектот на „Дура“ има интерес од неколку компании со кои преговараме за негово преземање и нивното производство да продолжи во тој објект“, рече Димовски и додаде дека околу 60-тина луѓе останаа без работа, а за наплата на државната помош од компанијата рече во тек е постапка, односно Арбитража.

Во однос на „Аптив“, додаде Димовски според информациите со кои располага, компанија прави одредени реструктурирања на глобално ниво.

„Тие реструктурирања направија „Аптив“, која е доста профитабилна компанија и доста добро работи, едноставно ја затворат „Аптив Македонија“. Нивниот план е заклучно со 2026 година, компанијата да прекине со производство. Од наша страна, согласно нашите интерни правила и процедури, правиме контрола и во текот на 2025 година утврдивме дека од нивна страна, за жал, има прекршување на двата договора за државна помош, за што и тие се свесни, ревизорскиот извештај тоа го утврди, известени се, така што треба да ја вратат државната помош. Дел од даночните олеснувања се веќе наплатени од УЈП, па така сега на ред доаѓаат и нашите“, истакна Димовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Дура“ затвори, „Аптив“ ќе затвори до крај…

Минимум еднаш годишно правиме ревизија на секоја…

Амбасадорот на ЕУ во Скопје, Рокас: Неопходно…

Евроамбасадорот во Скопје, Михаил Рокас, оцени дека…

Форум за разумни политики: В.д. претседателката на…

Форумот за разумни политики (ФРП) денеска го…

Посебна виза за професионалните возачи ќе ги…

Европската Унија првпат ќе го отвори прашањето…

(Во живо) Пешевски: Генерален штрајк во приватен…

Секој ден ќе бидеме пред Влада додека…