Душегрижниците згрешија, буџетот ги надмина очекувањата, вели Мицкоски
Иако, пред извесно време кажа дека нема доволно простор за маневар и дека државната каса губи милиони, сега премиерот Мицкоски тврди дека буџетот е во добра кондиција. Консултациите за ребалансот се во тек. Освен за постоечките, се разгледуваат и други мерки против можни ценовни трбуленции, но премиерот не откри за што точно станува збор. Само потврди дека државната каса е во добра состојба, без разлика што до сега е потрошен најголем процент од планираниот дефицитот за годинава.
Буџетот е во одлична кондиција ги натфрламе проекциите кои што ги имавме на почетокот на годината и покрај сите оние душегрижници дека оваа енергетска криза за нив е политичка можност ќе предизвика последици по работењето и тековните трошења од страна на владата, за нив имам лоша вест буџетот е во исклучително квалитетна состојба, изјави премиерот Христијан Мицкоски
Од мерки, во моментов се делува со пониска акциза од два денари кај бензините, но и кај дизелот, но падна и нов договор со ОКТА за попуст исто така од два денари. Сепак, иако, се уште постојат притисоци врз цените на горивата, се донесе одлука ДДВ то од 10 да се врати на 18 отсто.
Одлучивме за бензинот да ја вратиме на 18 проценти, а притоа да ја задржиме мерката намалени акцизи бидејќи цената во втората половина на мај на дизелот и безоловниот бензин на светските берзи се движеше меѓу 1000 и 1200 долари за барел, додаде Мицкоски
Повторно нагласи дека земјава има најниски цени на горива и дека се уште постои голем притисок од потрошувачите од соседните држави.
Регулаторна денеска ги соопшти и новите цени на горивата. Бензините поскапеа за половина, а дизелот поевтини за 6, 5 денари.
Од друга страна поради новите случувања на релација Иран, САД цената на нафтата повторно се искачи близу 100 долари за барел.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Душегрижниците згрешија, буџетот ги надмина очекувањата, вели…
Иако, пред извесно време кажа дека нема…
Пендаровски: Во протоколите со Бугарија никаде не…
Владејачката коалиција и владејачката партија се заплеткаа…
Во првиот квартал 2 472 хипотеки на…
Во периодот јануари – март годинава во…
Левица: Економскиот раст на Мицкоски е статистичка…
Фалбите од собраниска говорница, на Христијан Мицкоски…
Неконтролирани субвенции и замрзнати цени можат дополнително…
Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) предупреди дека владите…