Објавено на:

Европската Комисија ја најави Црна Гора како нова 28-ма членка на ЕУ

t

Црна Гора е поблиску од кога било до членство во Европската Унија, откако земјите членки одобрија формирање работна група што ќе почне со подготовка на пристапниот договор. Тоа е прв таков чекор во процесот на проширување по Хрватска, која стана членка на ЕУ во 2013 година.

Европската комисија во објава на социјалните мрежи ја претстави одлуката како историски момент по 14 години преговори, наведувајќи дека Црна Гора и Европската Унија се „поблиску од кога било“. Во пораката се нагласува дека земјата е најнапредниот кандидат за членство и дека Брисел останува целосно посветен на нејзината европска иднина.

Црна Гора доби кандидатски статус во 2010 година, а преговорите за членство ги почна во 2012 година. Досега ги има отворено сите 33 преговарачки поглавја, а привремено затворено 14. Подгорица има амбиција да ги затвори сите поглавја до крајот на 2026 година и да стане членка на ЕУ до 2028 година.

Еврокомесарката за проширување Марта Кос оцени дека почетокот на подготовката на пристапниот договор е признание за досегашниот напредок на Црна Гора, но и охрабрување реформите да продолжат. Во фокусот остануваат владеењето на правото, борбата против корупцијата, судските реформи и усогласувањето со европските стандарди.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Европската Комисија ја најави Црна Гора како…

Црна Гора е поблиску од кога било…

(Видео) МВР со детали за падот на…

Параглајдер со две лица завршил на пешачка…

Азески: Очекуваме продлабочување на кризата, ако има…

Бизнисот очекува продлабочување на кризата и ако…

Русковска-Татко ми го погребавме со бугарски куршум,…

„Моите родители крвареле за оваа држава. Мајка…

Мицкоски зборува за промената на името, ама…

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во објава…