Објавено на:

Европската централна банка алармира: Младите сѐ потешко наоѓаат работа, ИТ-секторот бележи најголем пад

t

Младите во еврозоната сѐ потешко наоѓаат работа, а најголемиот удар го претрпе ИКТ-секторот, покажува најновата анализа на Европската централна банка (ЕЦБ). Според извештајот, иако пазарот на трудот останува релативно стабилен, забавувањето на вработувањето што започна во 2023 година значително посилно ги погоди лицата на возраст од 15 до 24 години отколку останатите работници.

Во првиот квартал од 2026 година, вкупната стапка на невработеност во еврозоната се намали на 6,3 проценти, но кај младите достигна 15,1 процент. Аналитичарите оценуваат дека ова укажува на сè поголеми тешкотии за младите при влезот на пазарот на трудот.

ЕЦБ наведува дека во повеќето сектори, како што се трговијата, угостителството, градежништвото, индустријата и услугите, намалувањето на вработеноста главно е последица на нормалното економско забавување по силниот раст во постпандемискиот период. Најголемиот пад, сепак, е регистриран во информатичко-комуникацискиот сектор (ИКТ). Вработеноста на младите во оваа индустрија се намалила за дури 18,6 проценти во периодот од првиот квартал на 2023 до првиот квартал на 2026 година.

Според ЕЦБ, овој пад не може да се објасни само со економскиот циклус, туку укажува и на подлабоки структурни промени во ИТ-индустријата, која во последните години минува низ значајна трансформација. Дополнително, Анкетата за очекувањата на потрошувачите на ЕЦБ покажува дека невработените млади со високо образование имаат сè помалку оптимизам за можностите за вработување.

Како главна причина тие го посочуваат недостатокот на соодветни работни места што одговараат на нивните квалификации, додека младите со пониско образование имаат нешто помалку песимистички очекувања.

ЕЦБ предупредува дека ваквите трендови би можеле да имаат долгорочни последици врз пазарот на трудот, особено ако младите дипломци подолго останат без можност да стекнат прво работно искуство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Европската централна банка алармира: Младите сѐ потешко…

Младите во еврозоната сѐ потешко наоѓаат работа,…

ЕЦБ: Војната на Блискиот Исток силно ја…

Војната на Блискиот Исток силно ја погоди…

Се укинува банкнотата од 500 евра

Европската централна банка (ESB) подготвува нова серија…

Бугарија се разбуди во еврозоната: ЕЦБ осветлена…

Од денеска еврото е официјална валута на…

Златото го престигна еврото како удел во…

Златото го престигна еврото како удел во…