Египќанец повикал, Мароканци изразиле подготвеност за напад на божиќен саем во Германија

t

За четворица од осомничените се издадени официјални налози за апсење, додека едно лице е ставено во превентивен притвор поради сомнеж дека учествувало во планирање напад на божиќен саем во подрачјето на Динголфинг, во јужниот дел на сојузната покраина Баварија.

Обвинителството во моментов се сомнева во исламистички мотив за нападот, кој, според досегашните сознанија, требало да биде извршен со употреба на возило. Од обвинителството синоќа потсетија дека важи принципот на презумпција на невиност.

Се верува дека осомничените биле приведени во петокот, по што вчера биле изведени пред истражен судија. Според наводите на обвинителството, станува збор за 56-годишен државјанин на Египет, 37-годишен државјанин на Сирија и тројца државјани на Мароко на возраст од 22, 28 и 30 години.

Прелиминарната истрага укажува дека Египќанецот во џамија повикал на напад „со цел да се убијат или повредат што е можно повеќе луѓе“, што властите го третираат како обид за поттикнување убиство.

Според обвинителството, тројцата Мароканци наводно изразиле подготвеност да го извршат нападот и се осомничени за подготвеност за убиство, додека за Сириецот се тврди дека ги поттикнувал во таа намера. Засега не е познато колку биле развиени и конкретни подготовките за евентуалниот напад.

Извор: Index.hr

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Египќанец повикал, Мароканци изразиле подготвеност за напад…

За четворица од осомничените се издадени официјални…

Мерц: Германија мора да ги следи своите…

Германскиот канцелар Фридрих Мерц денес изјави дека…

Германија испраќа војници на источната граница на…

Германија соопшти дека испраќа група војници во…

Германија го повика рускиот амбасадор поради хибридни…

Германското Министерство за надворешни работи денеска го…

ГРОМ го осуди нападот врз редакцијата на…

Граѓанската Опција за Македонија-ГРОМ, најостро го осудува…