Една година од трагедијата во Пулс
Денеска се одбележува една година од трагедијата во Кочани, кога во пожар во дискотеката „Пулс“ загинаа 63 лица, а повеќе од 200 беа повредени.
Болката и сеќавањето на настанот што го потресе Кочани и целата држава утрово во тишина одекнаа низ градот, каде рано изутрина се одржа собир во спомен на настраданите во трагедијата.
Собирот, организиран од Здружението на граѓани „16 март 2025 Кочани“, започна симболично во 2:15 часот пред објектот каде што се наоѓаше т.н. кабаре „Пулс“.
Во 2:32 часот, со свеќи во рацете и со едноминутен молк, собраните родители и граѓани им оддадоа почит на загинатите во страшниот пожар.
„Нека светлината сведочи дека не забораваме. Нека тишината зборува за љубовта што останува“, порачаа од Здружението „16 март 2025 Кочани“.
Просторот беше осветлен со рефлектори и украсен со цвеќиња и срца на кои беа испишани имињата на младите кои ги загубија животите во пожарот или од последиците од огнот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Една година од трагедијата во Пулс
Денеска се одбележува една година од трагедијата…
Докторка од Кочани предупредува: Дел од пациентите…
Докторка од кочанската болница предупреди дека дел…
Велосипедска тура во сеќавање на жртвите и…
Велосипедска тура во чест на загинатите и…
Муцунски: Трагедијата во Кочани ќе остане трајно…
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија,…
Алиу: Една година по Кочани – Македонија…
Министерот за здравство, Азир Алиу во воведното…