„Едноцифрените рејтинзи и стравот од изборен дебакл, се причина за блокирањето на Изборниот законик од СДС, Левица и ДУИ“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

t

ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение обвини дека СДСМ, Левица и ДУИ намерно го блокираат носењето на новиот Изборен законик, оценувајќи дека причината за тоа е нивниот пад на рејтингот и стравот од пораз на следните избори.

Од партијата наведуваат дека Изборниот законик е дел од Реформската агенда и дека неговата подготовка со месеци се одвивала во рамки на работната група, каде што, како што тврдат, бил граден широк консензус меѓу политичките партии.

Според ВМРО-ДПМНЕ, наместо да придонесат за донесување на законот, опозициските партии избрале да го блокираат процесот. Во партиското соопштение се наведува дека Левица одбила да го поддржи договорот за Изборниот законик, додека СДСМ, како што тврдат, поднела околу 10.000 амандмани со образложение дека електронското гласање на дијаспората е недемократско и не е во согласност со европските стандарди.

За ДУИ, пак, од ВМРО-ДПМНЕ велат дека се приклучила кон блокадата со барање сите одлуки во Државната изборна комисија да се носат со консензус, наместо со мнозинство, како што е досегашната практика.

— реклама —

Од владејачката партија оценуваат дека заедничко за трите партии е стравот од изборен неуспех, поради што, според нив, уште сега создаваат оправдување за евентуален изборен дебакл.

ВМРО-ДПМНЕ повторува дека останува подготвена да го прифати секој предлог што ќе произлезе од договор на опозициските партии, доколку во него биде вклучено решение што ќе го олесни остварувањето на избирачкото право на македонската дијаспора.

Во соопштението се додава дека, според ВМРО-ДПМНЕ, ваквото однесување на опозицијата покажува дека партиските интереси се ставени пред интересите на иселениците и реформските процеси.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Едноцифрените рејтинзи и стравот од изборен дебакл,…

ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение обвини дека СДСМ, Левица…

Пожар во руската рафинерија „Илски“ по напад…

Пожар ноќеска избувнал во руската рафинерија за…

Полицаец пукал со огнено оружје на семејна…

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и…

Ќе нема струја до 14:30: Исклучувања на…

Поради закажани работи на електродистрибутивната мрежа, денеска…

Во име на сите Албанци, Бериша ѝ…

Лидерот на албанската Демократска партија (ДП), Сали…