ЕК следната недела ќе презентира предлог за преодно решение за превозниците во Западен Балкан, соопштија од Меѓународната асоцијација за транспортен бизнис од Белград
Претставници на сите директорати на Европската комисија и министри на земјите од Западен Балкан на денешниот онлајн состанок со превозниците потврдија дека решавањето на проблемот со професионалните возачи во патниот сообраќај е итно и ЕК закажа нов состанок за втората недела од февруари кога ќе биде презентирано преодно решение.
„Поради итност на ситуацијата и протестите што се случија, Европската комисија закажува состанок на работната група за втората недела од февруари, на кој ќе се даде предлог за привремено решение. Покрај државниот претставник, во работната група ќе бидат вклучени и по еден член од превозниците, амбасадите во Брисел и транспортната заедница“, се наведува во соопштението на Меѓународната асоцијација за транспортен бизнис од Белград.
На денешниот онлајн состанок во Брисел, посветен на проблемите со кои се соочуваат возачите од овој регион по воведувањето на системот ЕЕС во ЕУ, беше кажано дека новата стратегија носи решение за кое се потребни неколку месеци за да се спроведе и дека е потребно побрзо да се реагира за да се најде прагматично решение што не бара измени во актите и обезбедува решение за моменталната состојба со професионалните возачи.
„ЕК на дневно ниво ќе има контакти со амбасадорите на земјите од Западен Балкан во Брисел со цел да даде повратни информации“.
„На состанокот, претставниците на ЕК ги споменаа протестите што беа организирани во претходната недела од страна на превозниците од Западен Балкан и го истакнаа големото негативно влијание врз европската економија. Претставниците на Србија и Босна и Херцеговина постојано повторуваа дека, доколку не се запрат апсењата и депортации на професионални возачи, може да се очекува уште поголем протест на транспортерите и повторување на блокадите во блиска иднина“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ЕК следната недела ќе презентира предлог за…
Претставници на сите директорати на Европската комисија…
Бугарски аналитичар: „Четвртата економија во Европа“ пред…
Во ироничен и саркастичен тон, бугарскиот аналитичар…
Клековски: Подготвени за пресврт за пушењето во…
🚭 Подготвени за пресврт за пушењето во…
СДСМ: Кога обвинителството ќе реагира за 161…
Поминаа повеќе од 50 дена од објавата…
Пак сме во периметарот: Трамп ќе ја…
Американскиот претседател Доналд Трамп планира официјална посета…