Еколошки аларм во Гостивар -реката Вардар во неприродна состојба
Неколку часа претпладнево водите на реката Вардар во Гостивар беа во ваква загрижувачка и неприродна состојба. Со часови Вардар течеше со непрепознатлива бела боја и непроѕирност на водата. Голем број граѓани алармираа за оваа појава која не се случува прв пат. Ваква слична состојба имаше и во октомври 2025 година.
И од Општина Гостивар информираа дека утрово, загрижени граѓани доставиле фотографски материјали кои укажуваат на загадување на реката Вардар. По овие пријави, испратените се инспектори на терен за да се утврди ситуацијата и да се провери дали нарушувањето на водите во реката Вардар е предизивикано поради човечка активност или природен феномен.
Општина Гостивар, односно инспекциските служби, преземаат мерки за утврдување на состојбата, со цел заштита на нашето најголемо заедничко богатство – реката Вардар. Реката Вардар е симбол на нашиот град и заедничка вредност што ни припаѓа на сите. Нема да дозволиме нејзино загадување и деградација од ничија неодговорност. Секое прекршување ќе биде санкционирано без компромис“, соопшти Служба за информирање при Општина Гостивар.
Минатата 2025 година во Вардар се забележаа и друг вид проблеми. Во септември течението на реката низ Гостивар се соочи и со критично намален водостој рамно на пресушување. Во август и во октомври во тетовските села каде минува Вардар забележани илјадници пластични шишиња кои со часови пловеа по течението.
Државниот инспекторат за животна средина лани по овие ситуаци и еколошки инциденти најави измени на Законот за инспекциски надзор во животната средина. Целта е воспоставување на единствен систем на инспекциски надзор што ќе овозможи поефикасна и поефективна контрола.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Еколошки аларм во Гостивар -реката Вардар во…
Неколку часа претпладнево водите на реката Вардар…
„СДСМ не само што не е мртва…
СДСМ не само што не е мртва…
ЦБ на Албанија: 40% од работниците заминаа,…
Албанија се соочува со сериозна криза во…
(Видео) Неспособност, крпејнци и ФУШЕРАЈ! Се распаѓа…
Советникот Иван Чулаковски од Поинаку обвинува за…
Мартовската инфлација меѓу 4 и 5 отсто…
Владата на утрешната седница ќе ги активира…