Објавено на:

Експлозија во бар во познат швајцарски скијачки центар, има загинати и повредени

t

Неколку лица загинаа, а неколку други се повредени во експлозија и пожар што се случија ноќеска во бар во познатиот швајцарски скијачки центар Кран-Монтана, потврди полицијата. Експлозијата се случила околу 1:30 часот по локално време во барот „Ле Констелашн“, а причината сè уште е непозната, објави Би-Би-Си.

Според информациите од полицијата, експлозијата се случила додека во барот се одржувала новогодишна прослава, а внатре имало повеќе од 100 луѓе, јавува швајцарската радио станица Рона ФМ.

Сведок на инцидентот изјавил за радиото дека голем број екипи за итни случаи пристигнале на местото на настанот, а неколку хеликоптери учествувале во грижата и транспортот на повредените.

„Имаше експлозија од непознато потекло“, изјави за АФП портпаролот на кантоналната полиција, Гаетан Латион. „Има неколку повредени и неколку мртви“, додаде тој.

На социјалните мрежи се шират видеа од пожарот на таа локација. Властите воспоставија и телефонска линија за помош на семејствата погодени од несреќата.

Кранс-Монтана е луксузен скијачки центар сместен во срцето на швајцарските Алпи, во регионот Вале, на приближно два часа возење од главниот град Берн.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Силна експлозија пред училиште во Загреб

Силна експлозија синоќа ја вознемири загрепската населба…

Експлозија во Њу Делхи: Осум загинати и…

Инцидентот се случил во 18:52 часот по…

Тројцата загинати работници веројатно се од Непал…

Основното јавно обвинителство Штип изврши увид на…

85-годишен возач удрил во паркирано „БМВ“ и…

85-годишен возач вчера се забил во паркирано…

Камион со храна се преврте во Газа…

Најмалку 20 лица загинаа кога камион со…