Објавено на:

Експлозија на танкер во Црното Море, се сомнева дека наишол на мина

t

Турската компанија „Трибека“, која обезбедува услуги за сите бродови што се закотвуваат во турските пристаништа, денес објави дека машинската просторија на танкерот „Каирос“, кој се наоѓал во Црното Море северно од Босфорскиот теснец, била погодена од експлозија и пожар, и дека се сомнева дека експлозијата е предизвикана од мина.

Танкерот што пловел под знамето на Гамбија бил на околу 52 милји северно од Босфорот кога се случил инцидентот, пренесува „Ројтерс“.

Во соопштението се вели дека извештаите укажуваат дека бродот можеби наишол на мина и е во опасност од потонување.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Експлозија во Њу Делхи: Осум загинати и…

Инцидентот се случил во 18:52 часот по…

Две екcплозии во близина на изpаелcката Амбасада…

Данската полиција соопшти дека истражува две експлозии…

Татко и ќерка починаа по експлозијата на…

Умре девојката која беше повредена во пожар…

Експлозија во хидроелектрана во Италија: Има повредени…

Најмалку четири лица се тешко повредени, а…

Експлозија во близина на брод во Црвеното…

Британската агенција за поморска безбедност (УКМТО) соопшти…