Експресно „НЈЕТ“ од Путин: Договорите на Зеленски и САД паднаа во вода – „недостасуваат важни одредби“
Русија ќе бара значителни измени во нацрт-мировниот план договорен меѓу Украина и САД, тврдејќи дека сегашниот предлог не ги задоволува клучните руски интереси. Москва го гледа планот од 20 точки само како почетна основа за понатамошни преговори, изјави извор од Кремљ за Блумберг.
Според изворот, Москва смета дека планот „нема одредби важни за Русија и не дава одговори на многу прашања“. Кремљ особено инсистира на „гаранции против идното проширување на воениот сојуз на НАТО кон исток“, како и на обврската за неутрален статус за Украина во случај на нејзино пристапување кон Европската Унија.
Дополнително, Русија е незадоволна од „отсуството на ограничувања“ за големината на украинските вооружени сили и видовите оружје што Украина може да ги поседува. Меѓу барањата се „јасни гаранции“ во врска со статусот на рускиот јазик во Украина, укинување на западните санкции, како и решавање на прашањето за руските средства замрзнати на Запад.
Изворот додаде дека Русија го смета сегашниот документ за „прилично типичен украински план“, но дека ќе го „разгледа со ладна глава“.
Мировен план од 20 точки
Потсетиме, Украина објави комплетен мировен план од 20 точки создаден заедно со Соединетите Американски Држави, кој треба да стане основен документ за завршување на војната, објави УНИАН.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски нагласи дека Русија треба да одговори на планот денес за време на состанокот со американската страна и дека Украина е подготвена за преговори на највисоко ниво, особено за територијални прашања.
– Украина никогаш не била и никогаш нема да биде пречка за мир. Активно работиме и правиме сè за да се осигураме дека постојат документи и дека овие документи се реални. Најважно е Русија да не ја поткопа оваа дипломатија и да биде 100% сериозна во врска со завршувањето на војната. Ако тоа не е случај, мора да се изврши дополнителен притисок врз Русија. Светот ги има сите инструменти за да го направи овој притисок ефикасен и да постигне мир – нагласи Зеленски.
Што ако Русија повторно ја нападне Украина
Меѓу другите клучни точки од нацрт-планот презентиран од Зеленски, вклучувајќи ги и предлозите од Киев, се потврдата на суверенитетот на Украина и договорот за неагресија меѓу Русија и Украина, како и безбедносните гаранции што САД, НАТО и европските земји би ги обезбедиле на Украина.
Според Зеленски, оваа гаранција би „одразувала Член 5“, основниот принцип на НАТО за колективна одбрана. Планот предвидува воен одговор и повторно воведување санкции против Москва доколку Русија ја нападне Украина, додека гаранциите би биле повлечени доколку Украина прва ја нападне Русија или отвори оган на руска територија без провокација.
Планот, исто така, вклучува пакет за повоено економско закрепнување на Украина, вклучително и формирање на Украински фонд за развој за инвестирање во технологија, центри за податоци и вештачка интелигенција, како и инвестиции од американски компании во украинскиот сектор за природен гас. Зеленски ги процени вкупните економски загуби предизвикани од војната на 800 милијарди долари.
Се предлага и компромисно решение за работата на нуклеарната централа Запорожје, моментално под руска контрола, според кое централата би ја управувала заедничка американско-украинска компанија. Педесет проценти од произведената електрична енергија би одела во Украина, додека остатокот би бил достапен за Соединетите Американски Држави.
Планот предвидува и повлекување на руските трупи од Дњепропетровската, Николаевската, Сумската и Харковските области.
Целиот процес би бил формализиран со правно обврзувачки договор, чие спроведување би го следел и гарантирал Мировен совет со кој претседава американскиот претседател Доналд Трамп, додека целосното прекинување на огнот би стапило во сила веднаш по постигнувањето согласност од сите страни.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Експресно „НЈЕТ“ од Путин: Договорите на Зеленски…
Русија ќе бара значителни измени во нацрт-мировниот…
Жерновски по одлуката на Владата за кризна…
Членот на новиот Централен одбор на СДСМ,…
Mицкоски: Сум бил во странство, но се…
Наместо куфери за странство, работа и живот…
„Блумберг“: Русија ќе инсистира на клучни промени…
Русија има намера да постигне клучни промени…
Тошковски: Толеранцијата на „Безбеден град“ ќе биде…
Толеранцијата на камерите од системот „Безбеден град“…