Електродистрибуција ќе започне со работа во населбата Серава
Во насока на надминување на долгогодишната ситуација со загубите и честите дефекти во снабдувањето со електрична енергија во скопската населба Серава, претставниците на Електродистрибуција деновиве одржаа конструктивни состаноци со претставници на општината Чаир, претставници на Министерството за енергетика, како и Министерството за внатрешни работи, каде што се дефинираа конкретните чекори за реализација на планот за реконструкција на нисконапонската мрежа.
Теренските активности започнуваат денес со поправка на тековните дефекти, а од понеделник екипите на Електродистрибуција интензивно ќе работат на реконструкција на дистрибутивната мрежа во сите улици на оваа населба.
Плодната соработка меѓу компанијата и државните институции ќе обезбеди сигурна испорака на електрична енергија во овој регион, како и и правилно мерење на потрошувачката за секој поединечен корисник.
Со почит,
Електродистрибуција
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Електродистрибуција ќе започне со работа во населбата…
Во насока на надминување на долгогодишната ситуација…
„Дури Џорџ Орвел би можел да позавиди…
Одбраната на обвинетиот Александар Нацев, во воведен…
(Видео) На „Пластичарска“ и денеска отпор од…
Веќе пет дена по ред жителите на…
(Видео) Арсовска објави снимка: Независни, лиценцирани и…
Независни, лиценцирани и акредитирани мерења го открија…
Анкетната комисија за Кочани без поддршка од…
Иако нејзиното формирање беше најавено од власта,…