Објавено на:

Енергетска криза на повидок: Г7 размислува за ослободување на нафта од резервите

t

Министрите за енергетика на земјите од Г7 ја разгледувале можноста за пуштање нафта од стратешките резерви, по предупредувањето на Меѓународната агенција за енергија (IEA) дека извозот на енергенси од Блискиот Исток, поради блокадата на Ормутскиот Теснец, паднал на околу 10 проценти од нивото пред војната.

До ескалацијата дојде откако САД и Израел пред десетина дена го нападнаа Иран, а Техеран возврати со ракетни напади врз Израел и американски бази во земјите од Персискиот Залив. Иранската морнарица потоа објави дека ја презела контролата над Ормутскиот Теснец и забранила премин на бродови поврзани со САД, Израел и европските земји.

IEA предупредува дека транзитот и производството на нафта во регионот значително се намалени, што создава сè поголем ризик за глобалниот енергетски пазар. Низ Ормутскиот Теснец во текот на 2025 година поминувале околу 20 милиони барели нафта и нафтени деривати дневно, што претставува приближно една четвртина од светската трговија со нафта по морски пат.

Поради ограничениот транзит, земјите извознички се принудени да го намалат производството на нафта и течен природен гас. Алтернативните правци се ограничени – само Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати имаат нафтоводи кои можат делумно да го заобиколат теснецот, со капацитет меѓу 3,5 и 5,5 милиони барели дневно.

IEA исто така предупредува дека нарушувањата во транспортот влијаат и врз други стоки, особено врз вештачките ѓубрива. Низ Ормутскиот Теснец поминуваат повеќе од 30 проценти од светските испораки на уреа и околу 20 проценти од азотните ѓубрива и фосфати, што може да доведе до раст на цените на храната.

Членките на IEA моментално имаат повеќе од 1,2 милијарди барели нафта во стратешките резерви, додека компаниите по закон држат дополнителни околу 600 милиони барели.

Најголеми резерви меѓу земјите од Г7 имаат Соединетите Американски Држави со околу 415 милиони барели. Следува Јапонија со околу 260 милиони барели, додека Германија располага со околу 110 милиони барели нафта и 67 милиони барели нафтени деривати, а Франција со околу 97 милиони барели.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Енергетска криза на повидок: Г7 размислува за…

Министрите за енергетика на земјите од Г7…

Претседателот на иранскиот парламент: Ќе одговориме „око…

Претседателот на иранскиот парламент Мохамад Багер Галибаф…

ССМ повика на протест в сабота: Да…

Сојузот на синдикати на Македонија најави организирање…

(Видео) Американски сенатор: На пат сме кон…

Демкоратскиот сенатор Ричард Блументал соопшти дека САД…

Најголемиот светски производител на нафта предупредува на…

Сауди Арамко, најголемиот светски извозник на нафта,…