Објавено на:

Епстин сакал да ја купи „Титовата вила“ во Њујорк

t

Нови документи за Џефри Епстин, објавени од Министерството за правда на САД, покажуваат дека тој сакал да ја купи поранешната зграда на југословенската амбасада во Њујорк, позната како „Титовата вила“.

Меѓу новите документи е имејл што го добил Епстин со 26 фотографии од имотот, како и информации од „Њујорк пост“ со наслов: „За 50 милиони долари, можете да ја поседувате последната вила од златното доба на Менхетен“. На 10 декември 2018 година, финансиерот добил имејл од финансискиот советник Дејвид Мичел, во кој го информирале дека имало пожар во поранешната зграда на југословенската амбасада и дека можеби е вистинско време да достави понуда. Интересно е што за време на обидот да ја купи зградата, Епстин контактирал и со поранешниот висок претставник на меѓународната заедница во Босна и Херцеговина, Мирослав Лајчак, според објавените документи, пишува порталот Нова.

„Отидов да ја видам старата југословенска амбасада. Ми рекоа дека е на продажба, но дека сите пет влади, и српската и другите, мора да се согласат. Интересно“, напиша Епстин на 25 октомври 2017 година. А одговорот на Лајчак беше: „Тие никогаш нема да се согласат. Тие се обидуваат да се договорат за поделбата на имотот од 2001 година и нема крај. Треба да ме консултирате за сè што е поврзано со поранешна Југославија или сегашните држави наследнички, ги знам напамет.“

Поранешниот словачки министер за надворешни работи, Мирослав Лајчак, често се споменува во досиејата на Епстин, а пред неколку дена поднесе оставка од функцијата советник на словачкиот премиер Роберт Фицо. И покрај истражувањето на Епстин во 2017-2018 година, тој не ја купи вилата. Четири години подоцна, таа беше продадена за 50 милиони долари, при што Србија доби 40 проценти од парите врз основа на Анекс „Б“ од Договорот за наследување на имотот на поранешна СФРЈ во странство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Епстин сакал да ја купи „Титовата вила“…

Нови документи за Џефри Епстин, објавени од…

Трамп навредуваше новинарка затоа што го праша…

Американскиот претседател Доналд Трамп го изрази своето…

45 години од смртта на Тито

Долгогодишниот лидер на социјалистичка Југославија, Јосип Броз…

Вучиќ: Гробот на Тито нема да биде…

Гробот на Јосип Броз Тито нема да…

Десет илјади луѓе се собраа во Кумровец…

Традиционалната манифестација во Хрватска „Ден на младоста…