„Ер Србија“ ќе го трансформира белградскиот аеродром, ќе гради три големи објекти
Српската националната авиокомпанија „Ер Србија“ ќе гради административна зграда, деловен објект и хотел во рамките на комплексот на белградскиот аеродром „Никола Тесла“, објави српскиот бизнис-портал „еКапија“.
Проектот ќе се реализира во три фази, а објектите ќе бидат функционално независни и со вкупна површина од 24.215 метри квадратни.
Во првата фаза ќе се изгради административна зграда со вкупна површина од 7.985 метри квадратни, а завршувањето на работите, како што се наведува, се очекува во јуни 2026 година.
Административната зграда првично ќе вработи околу 480 лица, со можност за проширување на капацитетот на 620 вработени.
Втората фаза, како што пишува „еКапија“, опфаќа изградба на хотел со вкупна површина од 8.234 метри квадратни со 152 двокреветни соби.
Се очекува изградбата на хотелот да заврши во првиот квартал на 2027 година. Во завршна фаза ќе се гради деловен објект кој ќе биде со големина на деловната зграда на „Ер Србија“, а завршувањето на работите е планирано за 2030 година.
Исто така, предвидени се вкупно 507 паркинг места – во делот на управната зграда ќе има 140 паркинг места, хотелот ќе има 80, а во југоисточниот дел на парцелата ќе има 287 паркинг места, пишува порталот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Ер Србија“ ќе го трансформира белградскиот аеродром,…
Српската националната авиокомпанија „Ер Србија“ ќе гради…
ШОК: Пеп Гвардиола се разведува по 30…
Пеп Гвардиола, менаџерот на Манчестер Сити и…
РУТЕ: Ако не се зголемат буџетите за…
Длабоко сум загрижен за безбедносната ситуација во…
Грција ги забрзува реформите во одбраната
Министерството за национална одбрана на Грција планира…
Пожарникари спасиле загар паднат во јама длабока…
Група пожарникари од хрватскиот остров Хвар вчера…