Ердоган предлага да се формира сојуз на исламските држави против Изpаел – Тие му порачаа да се засрами

t

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави денеска дека исламските земји треба да формираат сојуз против, како што рече, „растечката закана од експанзионизам“ од Израел.
Тој го изјави ова откако палестинските и турските власти објавија дека израелски војници убиле жена од американско-турска националност која учествувала на протестот вчера против проширувањето на населбите на Западниот Брег окупирани од Израел, пренесе Ројтерс.
„Единствениот чекор што ќе ја спречи израелската ароганција, израелскиот бандитизам и израелскиот државен тероризам е сојузот на исламските земји“, рече Ердоган на настанот организиран од исламските училишни здруженија во близина на Истанбул.


Тој рече дека неодамнешните чекори што Турција ги презема за подобрување на врските со Египет и Сирија се насочени кон „формирање линија на солидарност против растечката закана од експанзионизам“, која, како што рече, им се заканува и на Либан и Сирија.
Ердоган оваа недела беше домаќин на египетскиот претседател Абдел Фатах ал-Сиси во Анкара за да разговара за војната во Газа и начините за понатамошно подобрување на долго замрзнатите врски во првата ваква претседателска посета по 12 години.


Врските меѓу двајцата почнаа да се топат во 2020 година, бидејќи Турција почна да презема дипломатски напори за намалување на тензиите со отуѓените регионални ривали, вклучувајќи ги Обединетите Арапски Емирати и Саудиска Арабија.


Кац: Ердоган треба да се засрами


Шефот на израелската дипломатија Израел Кац оцени дека Ердоган е вистинска закана за Блискиот Исток и за сопствениот народ и дека „треба да молчи и да се срами од своите изјави“.
„Ердоган продолжува да го фрла турскиот народ во оган на омраза и насилство заради неговите пријатели од Хамас“, рече Кац на платформата X.
Обвинувањето на турскиот претседател дека Израел сака да ги освои земјите од Блискиот Исток, тој ги нарече опасни лаги и подбуцнување.
„Израел ги брани своите граници и граѓани од убијците и силувачите на Хамас и од шиитската оска на злото предводена од Иран. Ердоган и сојузот на Муслиманското братство со години работат заедно со Иран за да ги поткопаат умерените арапски режими на Блискиот Исток. Ердоган треба да молчи и да се срами“, рече Кац.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ердоган предлага да се формира сојуз на…

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави денеска…

Фидан: Турција го поддржува Косово да ја…

Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан…

Лавров: НАТО не е пречка Турција да…

Намерите на турското раководство во однос на…

Трамп тврди дека победа на Харис би…

Поранешниот американски претседател и републикански претседателски кандидат,…

Автобус со српски туристи доживеа несреќа во…

Најмалку едно лице е повредено во Турција…