ЕУ до САД: Немојте да нѐ уценувате
Јазот помеѓу ЕУ и САД станува се поголем откако европските министри за надворешни работи вчера во Брисел го отфрлија апелот на американскиот претседател Доналд Трамп за помош во обезбедувањето на Ормутскиот теснец.
Министрите за надворешни работи што се состанаа во Брисел речиси едногласно (иако не беше спроведено формално гласање) се спротиставија на барањето на Трамп. Усогласението став е дека земјите од ЕУ не се подготвени да ги испратат своите бродови и војници во опасност ако Трамп – кој ја започна војната со Иран, заедно со Израел – не е подготвен самиот да го стори тоа.
Меѓу идеите кои беа разгледани беше проширување на мандатот на поморската мисија на ЕУ – Аспидес – за да се овозможи испраќање европски воени бродови за патролирање на теснецот помеѓу Персискиот Залив и Оманскиот Залив, но истата не доби значајна поддршка.
Не помина ни идејата на Високата претставничка Каја Калас за здружување на силите со Обединетите нации за да се помогне во посредувањето во договор за ослободување на Ормутскиот теснец. Би било „нереално“ да се очекува нешто слично на Иницијативата за жито од Црното Море. Ова беше договор посредуван од ОН меѓу Украина, Русија и Турција за да се дозволи извоз на жито од Украина преку Црното Море. На денешниот втор ден од заседанието на министрите се очекува да биде донесен заклучок со апел непријателствата на Блискиот Исток да завршат што е можно поскоро.
Дури ни најблиските сојузници на Вашингтон во Европа не покажаа голем интерес за повикот на Трамп. Министерот за надворешни работи на Полска, земја која беше на страната на Вашингтон во повеќето неодамнешни војни, го покани Трамп официјално да побара помош преку НАТО, само за да прецизира дека полскиот претседател Карол Навроцки , инаку голем приврзаник на Трамп и трампизмот , а исклучил можноста за испраќање полски војници во регионот.
Досега, САД официјално не се обратиле до НАТО со било какво барање.
Зборувајќи на настан во Белата куќа во Вашингтон, американскиот претседател изрази фрустрација од долгогодишните сојузници кои одбиваат да помогнат. „Некои се земји на кои им помагаме многу, многу години. Ги заштитивме од ужасни надворешни напади, а тие сега не се подготвени да помогнат” . Трамп воедно се закани дека ваквиот развој на настаните може да има директни последици по иднината на НАТО.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ЕУ до САД: Немојте да нѐ уценувате
Јазот помеѓу ЕУ и САД станува се…
Државите од Персискиот Залив вршат притисок врз…
Арапските држави од Персискиот Залив не побараа…
Калас: ЕУ разгледува што може да направи…
Високата претставничка на Европската Унија за надворешни…
Црна Гора затвора уште едно поглавје во…
Во вторник, 17 март, Црна Гора треба…
Ирански ракети погодија пет авио-танкери на САД…
Пет авиони за полнење гориво на американските…