ЕУ заклучи дека е минат “Рубикон” и дека нема враќање назад во односите со САД
По пет часа поминати на вечера во Брисел, лидерите на земјите членки со олеснување заклучија дека е надмината една епизода во трансатлантските односи но исто така се согласија дека овој пат треба да се подготват за друга слична епизода која би им ја приредил, за сите вчера вечер на вечерата е веќе јасно, непредвидливиот и нестабилен Доналд Трамп.
Главна тема на неформалното заседание на Европскиот Совет вчера во Брисел беше дискусијата како да се избегне повторување на кризи како оваа со Грендланд, Според изјавите на членови на делегациите на земјите членки Гренланд е лекција дека Европа треба да делува единствено и да биде јасна во однос на остварувањето на своите стратешки цели
Неофицијалниот заклучок од вчерашниот Европски Совет е дека нема враќање назад. „Ова е моментот на Рубикон“, изјави дипломат земја членка на ЕУ. „Минуваме низ шок-терапија. Европа не може да се врати на моделите по кој функционираше порано“.
Консензусот е постигнат и околу тоа дека ако Трамп еднаш им се закани на своите сојузници во НАТО, може да го направи тоа повторно. „Фактот дека нема царини од февруари е позитивен развој, но мораме да бидеме подготвени Доналд да се премисли“, рече еден дипломат.
Претседателката на Комисијата Урсула фон дер Лајен резултаото на вчерашниот Европски Совет го опиша вака:. „Ние следевме четири клучни принципи: цврстина, достапност, подготвеност и единство. И тоа беше ефективно, така што понатаму треба да го задржиме овој пристап“, рече таа.
Друг претставник на ЕУ запознаен со дискусијата се согласи: „Имаше јасна промена на расположението во просторијата. Дискусијата меѓу лидерите јасно покажа дека кога ќе се случи ситуација како онаа што се случи пред неколку дена, потребен е мирен, но брз и цврст одговор и тоа функционира“.
Самитот во четврток првично беше свикан за да се разработи одговор на заканата од нови царини на САД, кои требаше да бидат наметнати од 1 февруари. Со оглед на тоа што тарифите повеќе не беа на маса, состанокот брзо беше засенет од потребата да се разбере каков договор, доколку воопшто има, бил постигнат меѓу Трамп и Руте за Гренланд.
Според извори на Полтико меѓу Руте и Трамп е постигнат договор во четири точки фокусирани на повторното преговарање за договорот за одбрана на САД од 1951 година и на широкото ветување на европските влади за зајакнување на нивниот ангажман во безбедноста на Арктикот. Ова може да вклучи адаптација на оригиналниот договор за инсталирање на таканаречена „златна купола“ – , систем за ракетна одбрана . Договорот исто така треба да дефинира и опција за тоа што би се случило доколку Гренланд добие целосна независност од Данска.
Предлозите може да вклучуваат и продолжен воен пристап на САД до островот, заедно со широко ветување на европските влади да го зголемат нивниот придонес за безбедноста во регионот, вклучително и потенцијална мисија на НАТО.
Некои дипломати сугерираа дека третата и четвртата точка од предлогот можеби се, барем засега, повеќе желби отколку цврсти обврски. Тие точки се: Разбирање дека САД и ЕУ нема да поставуваат дополнителни царини едни на други; и формирање на надзорно тело за следење на правата за истражување, за да се спречи друга голема сила, како што се Кина или Русија, да победи во трката за ресурсите на Гренланд.
Данската премиерка Мете Фредериксен, која не го криеше своето незадоволстви што не беше приустна на разговорите Трамп-Руте денеска во седиштето на НАТО има состанок со генералниот секретар на НАТО на кој би требала да биде информирана за повеќе детали околу договорот постигнат меѓу Руте и Трамп за иднината на голем дел од територијата на Кралството Данска.
Борјан Јовановски
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ЕУ заклучи дека е минат “Рубикон” и…
По пет часа поминати на вечера во…
Орбан: Зеленски сè погреши, но Брисел е…
Унгарскиот премиер Виктор Орбан го критикуваше претседателот…
САД, Украина и Русија на мировни преговори…
Во Абу Даби денеска ќе се одржат…
Фон дер Лајен: ЕУ ќе купува воена…
Учесниците на вонредниот самит на ЕУ за…
Путин ќе донира 1 милјарда долари за…
Рускиот претседател Владимир Путин разговараше за можноста…