ЕУ: Мадуро немаше легитимитет
Европската Унија се огласи по соборувањето на претседателот Николас Мадуро во Венецуела, велејќи дека внимателно го следи развојот на ситуацијата и апелираше до сите страни на воздржаност.
Високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас, објави дека разговарала со министерот за надворешни работи на САД, Марко Рубио, како и со амбасадорот на ЕУ во Каракас. „Европската унија внимателно ја следи ситуацијата во Венецуела“, рече Калас.
Таа потсети дека ЕУ постојано нагласува дека Николас Мадуро нема легитимитет и дека Брисел постојано се залага за мирна политичка транзиција во таа земја.
„Во сите околности, принципите на меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации мора да се почитуваат. Апелираме на воздржаност“, рече Калас.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ЕУ: Мадуро немаше легитимитет
Европската Унија се огласи по соборувањето на…
Унгарија го губи правото на помош од…
Унгарија го изгуби правото на значителна помош…
Бугарија се разбуди во еврозоната: ЕЦБ осветлена…
Од денеска еврото е официјална валута на…
Орбан: 2026 година ќе биде клучна за…
Оваа година беше пресвртница, а 2026 година…
Кос: Украина е приоритетен кандидат за членство…
Европската Унија ја смета Украина за приоритетен…