Објавено на:

ЕУ со јасна порака до Трамп: Сам реши си го проблемот!

t

Министрите за надворешни работи на 27 земји-членки на Европската унија се собраа во Брисел за да го разгледаат повикот на американскиот претседател Доналд Трамп да помогнат во обезбедувањето на клучниот воден пат, витален канал за транспорт на нафта, кој Иран во голема мера го блокираше како одмазда за воздушните напади на САД и Израел.

По неколку часа разговори зад затворени врати, европските дипломати ја отфрлија идејата за проширување на поморската мисија на ЕУ „Аспидес“ и заклучија дека тоа е американски проблем што Вашингтон мора сам да го реши, пишува „Политико“.

Шефицата за надворешна политика на ЕУ, Каја Калас, по состанокот изјави дека иако постои „јасна желба“ за зајакнување на поморската мисија на ЕУ на Блискиот Исток, „немало волја за промена на мандатот“ за испраќање воени бродови во теснецот.

– Земјите-членки не покажаа волја да го прошират мандатот на Ормутскиот теснец. Никој не сака активно да влезе во оваа војна – повтори таа.

Трамп изјави за Фајненшл тајмс за време на викендот дека би било „многу лошо за иднината на НАТО“ ако европските земји не одговорат на неговиот повик за помош. Тој напиша на социјалните мрежи дека е во контакт со седум земји за обезбедување на теснецот, без да именува на кои земји мисли. Во понеделникот, Трамп им рече на новинарите дека е уверен дека Франција ќе им помогне на САД.

-Мислам дека ќе помогне. Мислам, ќе ве известам, разговарав со него вчера, рече американскиот претседател, осврнувајќи се на неговиот француски колега Емануел Макрон. Трамп, исто така, рече дека „не е задоволен“ од одговорот на Велика Британија и „многу изненаден“ откако премиерот Кир Стармер изјави дека нема да биде вовлечен во „поширока војна“ околу Иран.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЕУ со јасна порака до Трамп: Сам…

Министрите за надворешни работи на 27 земји-членки…

Владата разгледува намалување на ДДВ од 18…

Зголемувањето на цените и недостигот на конкретни…

Поскапувањето на горивата удира и во маркетите:…

За само два и пол месеци, цената…

Девојката која падна од балкон во Тетово…

Девојката која пред три дена падна од…

Туск: Полска нема да испраќа војници во…

Полска нема да испраќа војници во Иран…