Објавено на:

ЕУ усвои регулатива за враќање на нелегални мигранти

t

Советот на ЕУ усвои регулатива со која се забрзуваат и поедноставуваат процедурите за враќање на лица кои нелегално престојуваат во земјите-членки на ЕУ.

Регулативата ги дефинира процедурите за враќање на нелегални мигранти од сите земји на ЕУ, им наметнува обврски на оние кои немаат право на престој и воспоставува алатки за соработка меѓу членовите на блокот, објави веб-страницата на ЕУ.

Исто така, им овозможува на земјите-членки на ЕУ да основаат центри за враќање во трети земји.

Расмус Стоклунд, министер за имиграција и интеграција на Данска, која претседава со ЕУ, рече дека е воодушевен од усвојувањето на регулативата, бидејќи три од четири нелегални мигранти на кои им е издадена одлука за враќање остануваат во ЕУ наместо да се враќаат дома.

„Верувам дека новиот сет правила може значително да помогне во подобрувањето на овие бројки. За прв пат, државјаните на трети земји кои нелегално престојуваат ќе имаат обврски, а земјите-членки ќе имаат многу подобар сет на алатки. На пример, ќе бидат можни подолги притворања, а забраните за влез ќе бидат подолги“, рече Стоклунд.

Тој додаде дека регулативата ќе им овозможи на ЕУ и на една или повеќе земји-членки да склучат аранжман или договор со трета земја за центри за враќање.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЕУ усвои регулатива за враќање на нелегални…

Советот на ЕУ усвои регулатива со која…

Хаос на Крит и низ цела Грција:…

Аеродромот Хераклион на Крит е затворен до…

(Видео) Николоски повторно се пофали дека се…

Заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт…

Млади Авганистанци силуваa 15-годишно девојче во парк…

Двајца авганистански тинејџери кои минатата година пристигнаа…

СДСМ до ВМРО-ДПМНЕ: Сите ќе одговарате од…

Социјалдемократите денеска преку соопштение ја информираат јановста,…