Жерновски: Владата на Мицкоски ја водат лажни патриоти со бугарски пасоши
„Го дознавме и нивниот план за евроинтеграциите. Сега можат да влезат во Европската Унија само граѓаните коишто имаат бугарски пасоши. Односно, да бидеме до крај отворени, што се однесува до голем дел од членовите на Владата, тие веќе се во Европската Унија, затоа што имаат бугарски пасоши.“ рече Андреј Жерновски на денешната прес конференција на СДСМ.
„Во оваа влада на Христијан Мицкоски има повеќе бугарски пасоши отколку што можевме да замислиме досега. Можеме веднаш да заклучиме дека се работи за влада на лажни патриоти со бугарски пасоши. Имаме Влада којашто наводно треба да го чува македонскиот национален идентитет, а е преполна со бугарски државјани. Чии интереси ги застапуваат овие функционери – македонските или бугарските?“ рече Жерновски.
Се потврдува дека сите предизборни ветувања на Мицкоски се покажаа како невистини.
„Една по една, сите предизборни лаги на Мицкоски излегуваат на површина – од поништување на Преспанскиот договор, до наводни нови преговарачки рамки. Лага до лага. Имаме чувство дека сите тие граѓани коишто се излажани сега имаат непријатно чувство и дека не би ја добил истата доверба кога повторно би одел на избори, а да знаат за што гласаат.“ рече Жерновски.
Сега, кога вистината излезе на виделина и кога како СДСМ побаравме законот за двојно државјанство да важи, се разбира, за сите избрани и именувани функционери, односно за целата влада, сега имаме ретерирање, додаде тој.
„Проблемот е што веќе е евидентно дека во ВМРО-ДПМНЕ има голем број функционери со бугарски пасоши, министри, пратеници, градоначалници, директори на јавни претпријатија и така натаму. Или можеби една од причините зошто ќе се повлече ова законско решение е и поради Груевски – колку што слушнавме, освен унгарски пасош добиен од Орбан, поседува и српски пасош добиен од Вучиќ“ потенцираше Жерновски.
Сите овие лаги на Христијан Мицкоски завршуваат исто, прочитани од народот, како книга којашто веќе е здодевна и на сите им е јасно што содржи, рече Андреј Жерновски на денешната прес конференција на СДСМ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Жерновски: Владата на Мицкоски ја водат лажни…
„Го дознавме и нивниот план за евроинтеграциите.…
Советниците на СДСМ во Кисела Вода бараат…
Советниците од СДСМ во Општина Кисела Вода…
Филипче: Според Мицкоски може Бугари во Влада…
Лидерот на СДСМ, Венко Филипче тврди дека…
СДСМ: Антимонот во Крива Паланка е партиски…
Нели Владата на Христијан Мицкоски вчера тврдеше…
Митева: Плинот е намален за пет денари…
Од полноќ, Макпетрол ја намали малопродажната цена…