Жестока дебата на социјалните мрежи за увоз на странски работници

t

Социјалните мрежи зовреа по вчерашната вест дека Владата ја зголемува квотата за увоз на странски работници. Мислењата се поделени, но поголемиот дел од граѓаните не сакаат странски работници на домашниот пазар. Стравуваат за безбедноста, притисок врз платите и иднината на домашната работна сила, во време кога илјадници млади ја напуштија земјата. Дел од граѓаните велат дека странските работници нема да работат за минимална плата, туку Македонија ќе ја користат како транзит кон Хрватска или Црна Гора. Други сметаат дека со вакви политики се бркаат и оние млади кои сè уште останале, а се поставува и прашањето што ќе се прави со илјадниците невработени Македонци. На зголемувањето на квотата реагираше и опозицискиот СДСМ. Од партијата обвинуваат дека ова се поклопува со пишувањата на британските медиуми за договори за доаѓање мигранти во Македонија, а Владата отвора врата за масовен увоз на таканаречени „економски работници“, на штета на домашниот стандард. Според нив, апсурдно е да се носи ваква одлука во земја со речиси 100 илјади невработени.

Од бизнис секторот, пак, поинаков став. Бизнисменот Ангел Димитров, како прв човек на Организацијата на работодавачи, вели дека најдобро решение е активирање на домашната работна сила, но додава дека и покрај огласите, голем дел од пријавените невработени не се јавуваат за работа.

Владата вчера соопшти дека квотата за странски работници за 2026 година се зголемува на 10 илјади. Од нив, 9.750 дозволи се за редовно вработување, 200 за упатени странци и 50 за сезонски ангажмани. Премиерот Мицкоски вели дека мерката е неопходна поради недостиг на работна сила во градежништвото, индустријата, угостителството и трговијата. Дел од бизнисмените ја поздравија одлуката, но сметаат дека и оваа бројка е далеку помала во споредба со земјите од регионот. Наспроти ова, искуството на Хрватска покажува дека големиот увоз на странски работници може да создаде сериозни проблеми. Според податоците за 2025 година, бројот на издадени дозволи таму е намален за 17 проценти, што економистите го толкуваат како знак дека пазарот е заситен. Иако угостителството и градежништвото сè уште вработуваат најмногу странци, овие сектори го достигнале својот максимум. Хрватските експерти предупредуваат дека економијата повеќе не може физички да „прими“ толку многу работници, а притисокот врз домашната работна сила расте. Во Македонија, пак, дилемата останува, како да се задоволат потребите на бизнисот со интересите на домашните работници. Дополнителна загриженост предизвикаа и објавите во британските медиуми, според кои земјава би можела да прима мигранти со работни визи во замена за финансиски аранжмани. Прашањето што се наметнува е дали увозот на работна сила е економска нужност или чекор што дополнително ќе го поткопа домашниот пазар на труд и стандардот на граѓаните.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Жестока дебата на социјалните мрежи за увоз…

Социјалните мрежи зовреа по вчерашната вест дека…

Ројтерс: Неколку месеци пред упадот во Венецуела,…

Американските претставници разговарале со венецуелскиот министер за…

Експлозија го остави без парно дел од…

ЕСМ Снабдување со топлина информира дека поради…

Бивши шеф на НАТО: Од дете ги…

Андерс Фог Расмусен, поранешен генерален секретар на…

Лондонски Тајмс: Банката на Англија се подготвува…

Банката на Англија мора да планира финансиска…