Жител на дебарското село Горенци вршел превоз без лиценца
Дебарското Одделение за внатрешни работи поднесе кривична пријава против жител на село Горенци, кој вршел превоз без соодветна лиценца.
Кривична пријава е поднесена против А.А.(48) од селото Горенци, општина Центар Жупа, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење на јавен превоз без да поседува соодветна лиценца“ по член 284 од Кривичниот законик, информираше Стефан Димоски портпарол на СВР-Охрид.
Според него, на 9 октомври при контрола во патниот сообраќај извршена на улицата „Елена Ѓика“ во Дебар, полициските службеници сопреле патнички автомобил „фолксваген голф“, управуван од пријавениот.
При тоа, констатирале дека тој врши такси превоз на патници без соодветна лиценца издадена од надлежен државен орган.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Жител на дебарското село Горенци вршел превоз…
Дебарското Одделение за внатрешни работи поднесе кривична…
Јаневска: Ако нема учебници, обраќајте се на…
Директорите на училиштата треба многу сериозно да…
(Видео) Како е поврзан Трипуновски со корупцискиот…
Големиот корупциски скандал во ИПАРД Агенцијата добива…
Возачи во Ресен, Битола, Куманово и беровско,…
На 09.11.2025 во 02:10 часот на ул.…
Илон Маск е најбогатиот човек на планетата
Според најновата листа на американската агенција Блумберг,…