За 4 месеци се истрошени над 72% од буџетскиот дефицит, се крои ребаланс на Буџетот!
Со буџетски приходи пониски од планот а буџетски трошења во рамки на планираното, завршија првите три месеци од оваа економска година. Од Владата веќе најавија дека ќе има ребаланс на Буџетот 2026 та. Според економистите и досегашните статистички мерења, веќе под знак прашалник се сегашните проценки за инфлација од 2,5% и раст на БДП од 3,9% , пишува Порталб. За четири месеци се потрошени над 72% од планираниот буџетскиот дефицит за целата 2026 та година.
Новите ребалансирани ќе донесат повисока инфлација а понизок раст на БДП?
Мартовската економска криза поради новиот воен фронт на Блискиот Исток се прелеа и во вториот квартал од годинава. И месец мај започнува со ризиците од ценовни притисоци. Според аналитичарите, веќе е извесно дека ова прво економско полугодие ќе биде “промашено” во однос на планираната инфлација и на економскиот раст, кој според нив ќе биде поблиску до 3% а не до 4%.
“Се очекува економски раст од 3,3% за оваа година (3,6% во претходната анкета) и 3,5% за 2027 година (3,8% во претходната анкета). За 2028 година се очекува натамошно забрзување на растот, којшто би достигнал 3,7%.” – оценуваат економистите во Анкетата на НБМ.
И од Владата најавија прекројување на државната каса, со оценка дека тоа е вообичаена постапка во летниот период. Според потврдени информации, ребалансот на Буџетот е во завршна фаза и се очекува оваа недела да започне владината процедура за усвојување, по што ќе биде адресиран до Собранието.
Најновите трезорски податоци покажуваат дека на квартално ниво има потфрлување на буџетските приходи, додека расходите се движат во планираната тримесечна рамка. Буџетскиот дефицит за само четири месеци изнесува 469 707 800 евра или за овој период се “потрошени” повеќе од 72% од планираниот годишен дефицит . Според Владата даночните приходи во однос на лани се проектирани на повисоко ниво, а стапката на реализацијата на тримесечно ниво била вообичаена за овој период од годината.
“Сега засега немаме простор за паника. Граѓаните да бидат сигурни и безбедни, има кој да размислува и да води стабилни политики. Во овој момент Македонија не е држава што повеќе коленичи, туку рефлектира стабилност во регионот и така ќе продолжиме” – изјави премерот Христијан Мицкоски.
Според податоците од Министерството за финансии, на крајот на првиот квартал вкупните буџетски приходи изнесувале 1 318 900 000 евра или за три месеци реализација од 21 ,67%, ниво кое е пониско за околу 4% во однос на тримесечната рамка од 25% остварување. На приходната страна, најниско ниво од 18,55% остварување има кај акцизата, додека од наплата на ДДВ во буџетската каса се слеале 304 707 800 евра што претставува реализација од 20,29% а реализацијата кај Данокот на личен доход изнесува 21,16% или 133 247 000 евра. Остварувањето на приходите од Данок на добивка изнесува 25,39%.
Буџет реализација ( 1 тромесечје)
Приходи 1 318 900 000 е 21,67%
-ДДВ 304 707 800 е 20,29%
-акциза 108 000 000 е 18,55%
-данок на личен доход 133 247 000 е 21,16%
Расходи 1 726 932 000 е 25,68%
Буџетски дефицит (27 април) 469 707 800 е 72,00%
За три месеци трошоците на државата изнесувале скоро 1 727 000 000 евра или реализација од 25,68%. Буџетскиот дефицит во анализираниот период изнесувал 308 100 700 евра или 64,07% од планот за целата економска година. Но , според податоците од “Отворени финансии” , минусот во буџетската каса се зголеми и во текот на април, па така до крајот на четвртиот месец тој достигна 469 707 800 или над 72% во однос на годишниот план.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
За 4 месеци се истрошени над 72%…
Со буџетски приходи пониски од планот а…
Јасмина Костадинова осудена на 10 месеци затвор…
Вработената во Министерството за земјоделство, Јасмина Костадинова,…
Во Аеродром ограбен 77-годишник, останал без пари…
Во Аеродром ограбен 77-годишник, останал без пари…
Арбер Адеми: Законот за јазици во опасност!
Генералниот секретар на ДУИ, Арбер Адеми, во…
Принова во Зоолошка, се роди двогрба камила
Од скопската Зоолошка градина соопштија дека нивните…