Објавено на:

За еден ден приведени 10 возачи

t

Лишени од слобода се 10 возачи во изминатото деноноќие на територија на државата.

Од нив четворица возеле без возачка дозвола, од кои по еден во Берово, Гостивар, Битола и Скопје. По еден возач во гевгелиско и Делчево управувале возило со поголема брзина од дозволената, а еден возач во Неготино возел иако имал активна забрана за управување на патничко возило. Тројца возачи управувале возило под дејство на алкохол и тоа во Куманово, валандовско и гевгелиско. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

За еден ден приведени 10 возачи

Лишени од слобода се 10 возачи во…

Криза во авио-сообраќајот: Скапо гориво, откажани летови…

Кризата во авио-сообраќајот, предизвикана од војната меѓу…

Американците тврдат: Го спасивме едниот пилот од…

По веста дека Иран собори американски борбен…

Трамп бара начин да ја заврши војната,…

Претседателот на САД, Доналд Трамп, беше во…

Поранешен ирански министер: Техеран треба да ја…

Поранешниот ирански министер за надворешни работи Мохамед…