ЗА МНОГУ ГОДИНИ! Денес е Богојавление – Водици
Кога Господ Исус наврши триесет години од телесното раѓање, го започна Својот учителски и спасителен подвиг. И самиот почеток на тоа го означи со примањето Крштение на Јордан. Како што вели Свети Кирил Ерусалимски: „Почеток на светот е водата, почеток на Евангелието е Јордан“. Кога Исус Христос се крштеваше во водите на Јордан, на светот му се објави онаа тајна што во Стариот Завет само се навестуваше, тајната на Божествената Троица. Отецот му се јави на сетилото за слух, Духот на сетилото за вид, а Синот дури и на сетилото за допир. Отецот го изговори Своето сведоштво за Синот, Синот се крсти во вода, а Светиот Дух во вид на гулаб лебдеше над водата. И кога Свети Јован Крстител посведочи и рече за Христа: „Еве го јагнето Божјо кое на Себе ги зеде гревовите на светот“ (Јован 1, 29) и Го потопи и Го крсти во Јордан, со ова се укажа на Христовата мисија во светот и на патот на нашето спасение. Зашто Господ ги зеде врз Себе гревовите на родот човечки и под нив умре (пототпувањето) и оживе (излегувањето од водата); а и ние мораме да умреме како стар и гревовен човек, а да оживееме очистени, обновени и преродени. Празникот Богојавление (на грчки Теофанија) се нарекува и Просветлување. Зашто настанот на Јордан н? просветлува, прво: покажувајќи ни Го Бог како Троица еднобитна и неразделна. И второ: бидејќи секој од крстените во вода се просветлува, бивајќи восиновен од Отецот на светлината, со заслуга на Синот, со силата на Светиот Дух.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ЗА МНОГУ ГОДИНИ! Денес е Богојавление –…
Кога Господ Исус наврши триесет години од…
Денес се празнува Светиот пророк Малахија
Според редоследот на времето тој е последниот…
Денес се празнува Свети Силвестер, eпископ Римски
Роден е во Рим. Светската мудрост и…
Денес се празнува Блажениот Теофилакт, архиепископ Охридски
Тој е роден на островот Еврип, а…
Денес се празнува Преподобен Гаврил Велички
Мијалче (подоцна Гаврил Светогорец, Епископ Велички) се…