Забрани за тешки возила кон Стража и Маврово – Дебар поради врнежи од снег

t

Сообраќајот на државните патишта низ земјава се одвива во зимски услови и по влажни коловози, додека на повисоките места во западните региони има остатоци од кашест снег. Според информациите на АМСМ, врнежи од снег со променлив интензитет се бележат на Попова Шапка, во Маврово и на планинскиот премин Стража, додека на преминот Буково врнежите се од дожд и снег.

Поради снежните врнежи воведени се забрани за тешки товарни возила на патниот правец Гостивар – Кичево преку Стража, како и на кракот Маврово – Дебар. На патниот правец Тетово – Попова Шапка има забрана за автобуси, а за останатите возила задолжителна е зимска опрема.

Од АМСМ информираат дека интензитетот на сообраќај надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини нема подолги задржувања. Возачите се повикуваат на внимателно управување и прилагодена брзина, особено на делниците низ клисури и долини каде постои опасност од одрони.

Потсетуваат дека до 15 март е во сила законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата, а патниот правец Охрид – Ресен преку националниот парк Галичица е затворен за сообраќај до крајот на март.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Забрани за тешки возила кон Стража и…

Сообраќајот на државните патишта низ земјава се…

АМСМ: Поради магла намалена видливост на неколку…

Сообраќајот на државните патишта се одвива во…

Утрово забрана за тешки товарни возила на…

АМСМ инфомира дека утрово од 05:45 часот,…

Магла на патот Тетово – Гостивар, одрон…

Намалена видливост до 70 метри и појава…

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречно…

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено,…