Загадениот воздух зема над 3.500 жртви годишно, но не се применуваат брзи и ефикасни мерки

t

„Safe City беше воведен со цел да го намали бројот на загинати лица во сообраќајни незгоди и како мерка е апсолутно оправдано бидејќи во 2024 година, загинале 124 лица во државава. Загадениов воздух зема над 3.500 жртви годишно, со голем број на заболени, но никој нема намера да примени брзи и ефикасни мерки. Зошто?“, прашуваат од еколошката организација „02 Иницијатива“.

Оттаму велат дека Владата и Град Скопје константно повторуваат дека ќе граделе когенеративни гасни централи, кои ќе го решеле загадувањето во Скопје и други градови во Македонија.

„Само за Скопје, целиот потфат би чинел околу 1 милијарда евра и во најдобар случај, ако се почне денес, нема да заврши пред 2033 година. Трошоците по домаќинство ќе се движат меѓу 4.000 – 10.000 евра. Кој ќе ги покрие овие трошоци? Домаќинствата кои се греат на дрва бидејќи немаат средства за друго? Град Скопје? Владата? Комплетно несериозно и класично замајување на јавноста“, сметаат од „02 Иницијатива“.

Еко-активистите воедно порачуваат:

„Наместо Владата и град Скопје да ни го губат драгоцено време и да ни го трошат здравјето, здравјето на децата пред сè, кои се изложени на овој канцероген и токсичен воздух: Зошто не направат пилот проект со неколку различни видови на филтри, да ги видат ефектите од секој од нив, да се види како ќе се покажат и да вложат во масовна примена за тие што ќе го поминат тестот, со што за една година би се решил проблемот со домаќинствата? Зошто не донесат одлука, индустријата во Скопје, вклучително и Усје, задолжително да работи на гас и обновливи извори на енергија? Зошто не го нормализираат јавниот превоз и го донесат конечно правилникот за еко налепници, со што ќе има можност да се воспостави зимски режим на сообраќај? Зошто не се фокусираат на измена на начинот на греење на јавните објекти?“, прашуваат оттаму.

Според „О2 Иницијатива“, ова е најбрз начин да се намали загадувањето во прифатливи законски рамки во многу краток рок.

Дополнително, велат еко-активистите, има и други мерки, кои не се комплексни за спроведување, а се однесуваат на градежна, почвена прашина, палење на отпад на отворено. Апелираат и до медиумите да ги прашаат Владата и Град Скопје зошто овие чекори не се преземени.

„Во врскa со податоците за Усје за емисиите на PM2.5 според Climate Trace, убаво е да се објават сите за да се создаде целосна слика за емисиите на PM2.5 во Скопје, според нив. Така, според Climate Trace, емисиите на PM2.5 во тони за 2024 г. се следни: домаќинства – 924 (65-71%); нерезиденцијални објекти – 231 (16-18%); Усје цементара – 187 (6-13%); сообраќај – 20 (1.4-1.5%); Макстил – 12 (0.86-0.94%); ТЕ-ТО – 6 (0.45-0.49%); Хани и Елизит цементара (Косово) – вкупни емисии од цементарата се проценети на 319 тони. Ако се земе предвид дека цементарата се наоѓа на 11.5 км северно од Скопје, правците на ветрови, дисперзијата, врнежи и др., се проценува дека околу 35 тони би стигнале до Скопје. (2.5-2.7%)“, посочуваат од „О2“.

Ако се земе предвид ружата на ветрови за Скопје, каде доминираат северните правци, велат тие, се проценува дека околу 75 тони се депонираат во Скопје.

„За Дрисла, која по воздушна линија е на 4 км од јужните делови на Скопје, вкупните емисии се проценуваат на 0,01 тон. Емисиите од авио сообраќајот на скопскиот аеродром се проценуваат на 14 тони“, велат еко-активистите.

Исто така, потсетуваат и на резултатите од мерењата на лабораторијата „Амбикон, кои за локациите Ново Лисиче и Карпош во текот на 2021 година ги дадоа повеќе резултати

„Во зимските месеци најголем удел има греењето на дрва, 36-59%, a потоа сообраќајот, 12-28%. На согорувањето на нафта и мазут, дали за греење или во индустрија отпаѓа од 7-14%. Во пролетните месеци горењето на разен отпад на отворено има удел од 7-35%. Во летните месеци почвената, градежна прашина е од 4-46%. Уделот на индустријата/производни процеси вон грејна сезона се движи од 15-49%“, потсетуваат од „О2 Иницијатива“ за резултатите.

За Усје, како што велат, најбрз начин да го сведе на минимум своето загадување е да му се наложи да користи гас во своите процеси, наместо јаглен, кокс, отпад и др.

„Во однос на казната и кривичната кон Усје за загадување, чисто да нема дезинформации, таа се однесуваше на надминување на азотните оксиди, не на PM2.5 и PM10“, потенцираат од „02 Иницијатива“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Загадениот воздух зема над 3.500 жртви годишно,…

„Safe City беше воведен со цел да…

Објавени имињата на сопружниците кои загинаа враќајќи…

Во тешка сообраќајна несреќа што се случи…

Расчинетиот британски принц блудничел на семејниот имот:…

Поранешниот британски принц Ендру се чини дека…

Нема да има блокада на граничните премини…

Грчките земјоделци најавија прекин на блокадите на…