Загинатите во возилото што падна во реката Радика се од гостиварско Видуше – телата ќе бидат дадени за обдукција

t

Двете лица што денеска загинаа во сообраќајна несреќа на регионалниот пат Маврово – Дебар, кого возилото со кое патувале се превртело и паднало во реката Радика во близина на Бигорскиот манастир се од гостиварското село Видуше, информира Министерството за внатрешни работи (МВР).

Полицијата го утврдила нивниот идентитет и, како што соопштија од МВР, станува збор за А.Ф. и М.Ф., чии тела ќе бидат дадени за обдукција.

Споделувајќи дополнителни детали по несреќата, од Министерството велат дека по насоки на јавен обвинител патничкото возило, марка „фолксваген бора“, ќе биде задржано во Полициската станица во Гостивар, каде ќе биде извршен вонреден технички преглед.

„Се преземаат мерки за утврдување на причините за сообраќајната несреќа“, велат од МВР.

Претходно од МВР информираа дека несреќата во Одделението за внатрешни работи (ОВР) Гостивар била пријавена во 15:50 часот и дека во неа се настрадани возачот и негов сопатник, кои биле во патничкото возило со гостиварски регистарски ознаки.

Поради несреќата и извлекувањето на возилото од водите на Радика, сообраќајот на патот Маврово – Дебар беше во прекин во 18:30 часот, информираа од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Претходно оттаму соопштија сообраќајната несреќа била пријавена во 15:48 часот во дежурниот центар Е-112 Охрид.

Пријавителот во телефонски разговор со службениците во Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) Тетово, рекол дека возилото се движело со поголема брзина и во еден момент изгубило контрола, почнало да се лизга на коловозот, по што се превртело и паднало во реката Радика, на локација во близина на манастирот „Свети Јован Бигорски“.

На местото, како што информираа од ЦУК, покрај полициските екипи од Полициската станица Ростуше, биле упатени и припадници на гостиварската Територијална противпожарна едница, како и екипа на Итната медицинска помош од Ростуше.

Државнат новинска агенција МИА, вечерва пренесе дека десетина возила учествувале во три одделни сообраќајни несреќи на автопатот Тетово – Гостивар, поради што сообраќајот кај „Неготинска клучка“ се одвива забавено.

Според првичните информации, причина за сообраќајките била неприлагодената брзина и голомразицата.

Портпаролот на Секторот за внатрешни работи (СВР) Тетово, Фатмир Реџепи, за агенцијата потврдил дека полициски екипи се терен и работат на нормализирање на сообраќајот и расчистување на коловозот.

Сообраќајките, според информациите, се случиле во краток временски рок и на блиска оддалеченост.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Загинатите во возилото што падна во реката…

Двете лица што денеска загинаа во сообраќајна…

ЦУК со апел за претпазливост: На одделни…

Центарот за управување со кризи ја известува…

Николоски: Со изградба на 14 градежни галерии…

Со изградба на 14 градежни галерии ќе…

Трајковски: Од Нова година стапија во сила…

Од Нова година стапија во сила јаглеродните…

Мицкоски: Точно е дека како држава сме…

Со линеарното зголемување на пензиите, не само…