Загрепскиот „Вјесник“ ќе се руши поради нестабилна конструкција по пожарот

t

Потпретседателот на Владата и министер за простор, градителство и државeн имот, Бранко Башиќ со претставници на Град Загреб и стручњаци од Хрватскиот центар за сеизмичко инженерство соопшти дека култниот загрепски небодер Вјесник ќе се руши поради небезбедна конструкција.

Башиќ изјави дека извештајот на стручњаците укажува на сериозни статички оштетувања и опасност од урнување поради што ќе се изработи проект за уривање, а потоа ќе следи јавна набавка и самиот процес на рушење. Славонска авенија и подвозникот остануваат затворени до отстранување на објектот.

Стручњакот Марио Урош од Центарот за сеизмичко инженерство предупреди дека конструкцијата е делумно нестабилна поради оштетувањата од пожар, пукнатини и отпаѓање на елементи. Според него, потребно е итно уривање бидејќи опасноста со текот на времето расте.

Владата најави дека ќе се утврдат роковите за рушење и дека потоа ќе се уредува просторот на поранешниот Вјесник, со можен архитектонски конкурс. Стручните служби и полицијата ќе извршат увид, но екипите нема да престојуваат подолго во објектот поради ризикот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Загрепскиот „Вјесник“ ќе се руши поради нестабилна…

Потпретседателот на Владата и министер за простор,…

Малолетници запалиле оган во облакодерот на „Вјесник“:…

Загребската полиција потврди дека едно лице е…

Група млади луѓе во полициската станица поради…

Неколку млади луѓе се испрашувани од полицијата…

Пламен ја зафати кулата „Вјесник“ во Загреб,…

Облакодерот на Славонска авенија во Загреб, во…

Масовна тепачка меѓу маскирани млади мажи во…

Денеска околу 16 часот, на плоштадот Бан…