Објавено на:

Задолжително онлајн барање пред престој во европските земји: Во ретки случаи, можно е и одбивање

t

Европската Унија воведува нов систем за контрола на патувањата што ќе ги засегне милиони граѓани од земјите со безвизен режим, вклучително и Македонија. Од последниот квартал на 2026 година, за влез во Шенген-зоната ќе биде потребно претходно одобрение преку системот ЕТИАС, додека од 10 април започнува целосната примена на системот ЕЕС, кој дигитално ќе го евидентира секое влегување и излегување.

Со новите правила, контролата на патниците се поместува пред самото патување. Апликацијата за ЕТИАС ќе се поднесува онлајн и ќе биде достапна во секое време, при што системот автоматски ќе ги обработува податоците – лични информации, податоци од биометриски пасош и историја на патувања. Во процесот ќе се користат и автоматизирани проверки за проценка на потенцијални здравствени ризици.

Европските институции нагласуваат дека не се собираат детални медицински податоци, туку се анализираат индикатори поврзани со глобални здравствени предупредувања и движења од ризични региони. Податоците ќе се споредуваат со европски бази, под надзор на Европската комисија и националните гранични служби.

Во рамки на апликацијата, патниците ќе одговараат и на прашања за претходни патувања, евентуални проблеми со имиграциските власти и посети на региони погодени од конфликти или здравствени кризи. Целта е ризиците да се утврдат уште пред пристигнувањето на европска територија.

За повеќето граѓани, постапката ќе биде брза и автоматизирана, со одобрение што може да се добие за неколку минути. Сепак, доколку се утврдат сомнителни индикатори, апликацијата ќе оди на дополнителна проверка, што може да го продолжи процесот или да бара дополнителни информации. Во ретки случаи, можно е и одбивање.

Одобрението преку ЕТИАС ќе чини 20 евра и ќе важи за повеќекратни патувања, сè додека пасошот е валиден. Сепак, ова не гарантира автоматски влез, бидејќи конечната одлука ја носи граничната полиција.

Паралелно, системот ЕЕС, кој започнува со работа со полн капацитет на 10 април, ќе ги замени печатите во пасошите со дигитална евиденција. На тој начин ќе се овозможи попрецизно следење на престојот и ќе се спречат злоупотреби на дозволениот престој во Шенген-зоната.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Задолжително онлајн барање пред престој во европските…

Европската Унија воведува нов систем за контрола…

Дојче Веле: Европа размислува за испраќање мигранти…

Западноевропските земји сè почесто разгледуваат можност за…

Шефот на „Шел“ предупредува: Европа може да…

Европа може да биде загрозена од недостиг…

Иранците до европските лидери: Ако не можете…

На социјалните мрежи се појави видео во…

Калас: САД сакаат да ја „поделат Европа“

Шефицата за надворешна политика на Европската Унија,…