Заробена мечка во стапица во Ресен – надлежните ја ослободија!

Регионалниот ЦУК Битола, известува дека преку Единствениот број за итни случаи 112 во ЦУК е добиена пријава за заробено диво животно како последица од поставена криволовна замка во атарот на помеѓу селата Љубојно и Брајчино (Општина Ресен).
Пријавителот претпоставил во пријавата дека најверојатно се работи за мечка поради гласното рикање што се слушало во непосредна близина на мостот на Брајчинска Река.
За оваа ситуација, од страна на ЦУК веднаш е известена Гранична полиција Маркова Нога, Полициска станица Ресен, Концесионерот – ловното друштво и други субјекти за понатамошно постапување.
По интервенцијата на надлежните служби од Концесионерот -Ловното друштво, со присутен ветринар, од НП „Пелистер“ и од полицајци од МВР мечката е успиена и безбедно ослободена.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Заробена мечка во стапица во Ресен –…
Регионалниот ЦУК Битола, известува дека преку Единствениот…
Дисциплинска постапка за двајца полициски службеници кои…
Од страна на Одделот за внатрешна контрола,…
„Џеј Пи Морган“: Царините на Трамп драстично…
Инвестициската банка „Џеј Пи Морган“ пред денешното…
Унгарија се повлече од Меѓународниот кривичен суд…
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ја пофали Унгарија…
Штитеници избегале од Јавна установа за згрижување…
Денеска (04.04.2025) во Полициската станица Карпош, од…