Затворањето на Ормускиот теснец носи загуби над 50 милијарди долари
Економските последици од затворањето на Ормускиот теснец достигнуваат повеќе од 50 милијарди долари, покажува анализа на турскиот истражувачки центар TESPAM. Тензиите на Блискиот Исток ескалираа по нападите на САД и Израел врз Иран на крајот на февруари, по што теснецот остана затворен.
Ормускиот теснец е клучна точка за глобалната енергетска трговија, преку која минуваат околу 20 проценти од светскиот транспорт на нафта. Поради блокадата, земјите од Персискиот Залив се соочија со сериозен пад на извозот, кој се намали за околу 36 проценти во период од еден месец.
Извозот на нафта од земји како Иран, Ирак, Кувајт, Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати и Бахреин значително опадна, што директно резултираше со загуба од над 15 милијарди долари приходи само од нафта. Дополнителните нарушувања во испораките на течен природен гас, транспортот и енергетската инфраструктура ја зголемија вкупната економска штета.
Кризата има пошироко влијание врз регионот, забавувајќи ја економската активност и погодувајќи сектори како индустријата, логистиката, трговијата и туризмот. Земјите од Заливот произведуваат речиси една третина од светската нафта, што го прави овој регион клучен за глобалната економија.
Според податоците на Меѓународна агенција за енергетика, значителен дел од светските испораки на нафта поминуваат низ теснецот, при што најголема зависност имаат азиските економии, особено Кина и Индија.
Експертите предупредуваат дека ова е еден од најсериозните прекини во снабдувањето во поновата историја. Доколку конфликтот продолжи, последиците може дополнително да се продлабочат и да влијаат врз енергетскиот, транспортниот и прехранбениот сектор на глобално ниво.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Затворањето на Ормускиот теснец носи загуби над…
Економските последици од затворањето на Ормускиот теснец…
Иран ја лансираше најголемата ракета кон Израел…
Иран изврши својот најмасовен ракетен напад врз…
Николоски: Нема да дозволиме Миодраг Давидовиќ-Дака или…
Ниту Миодраг Давидовиќ -Дака, ниту било која…
Иранскиот претседател со писмо до Американците
Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан упати писмо до…
СДСМ обвинува дека Левица е контролирана опозиција:…
Покрај сите неуспешни обиди за внатрешно рушење…