Затуроски нов претседател на Регулаторната комисија за домување -СДСМ: Власта назначи професор по математика без искуство во областа

t

Со 62 гласови „За“ и 11 „Против“, пратениците во Собранието го избраа Никола Затуроски за нов претседател на Регулаторната комисија за домување. Претходно СДСМ обвини дека ВМРО-ДПМНЕ сака да ги партизира и редовите на РКД. Како што рече пратеникот Митко Трајчулески, Затуроски во минатото беше еден од предлозите за Советот за граѓански надзор за следење на комуникациите.

Трајчулески информира дека Затуроски целиот свој работен век го поминал во образованието како професор по математика, а без искуство во областа во која се именува.

„За член на истата оваа комисија се предлага Љубиша Јовановски кој целиот свој животен и работек век го поминал во оваа сфера, кој е еден од најголемите познавачи на домувањето, кој лично го познавам од работењето во Транспорт и врски. Уште еден пример како функционира власта во оваа држава. Не се води сметка за поставување на соодветни кадри на соодветни позиции. Ова некако наликува на приказната со султанот и големиот везир, за на крај да биде „ниту ти голем везир, ниту јас голем султан“, рече пратеникот од собраниската говорница.

Затуроски претходно беше член на комисијата, на чија веб-страница се наоѓа неговото работно искуство:

РАБОТНО ИСКУСТВО:

Професор по математика

1.СОУ „Нико Нестор“, Струга

01.09.99-17.06.09      
24.06.17- …………

2.СОУ „Д-р Ибрахим Темо“, Струга

01.09.06-17.06.09
01.09.10-06.08.14
24.06.17-………….

3. Директор: СОУ Нико Нестор, Струга

18.06.09 – 31.08.10
07.08.14 – 23.06.17

4, Помошник директор: СОУ Гимназија Д-р „Ибрахим Темо“ Струга

01.02.11 – 31.08.11
01.09.11 – 31.08.12
01.11.12 – 31.08.13
02.09.13 – 31.08.14

5, Сопственик на интернет клуб

од 2002 до 2007

6, сопственик на кабелска телевизија

од 2005 до 2015

ОБРАЗОВАНИЕ:

Универзитет св.Кирил и Методиј

Природно-математички факултет – Наставна насока:  

Датуми(од-до) 01.10.1993-19.04.1999

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СДСМ: Дилот ВМРО–ДУИ му донесе куќен притвор…

Политичките партии и денес со препукувања околу…

СДС нервозни и фрустрирани зошто Груби е…

Ги разбираме од СДС, тие се нервозни…

СДСМ за враќањето на Груби: ДУИ го…

Прес конференција на СДСМ, Богданка Кузеска: Секој…

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ со меѓусебни обвинувања: Кој…

Власта на СДС целосно го зароби судството…