Завршува Велигденскиот пост, не претерувајте со мрсна храна веднаш

t

Ноќеска на полноќ завршува Велигденскиот пост, кој траеше полни 48 дена, и по кој докторите апелираат да не се претерува со храната, посебно мрсната и со алкохолот.

– И пред и по постите да се однесуваме одговорно, а умерената и разновидна исхрана да ни биде начин на живеење, апелираат тие.

Седум неделниот пост завршува на полноќ, а во првите денови изборот на намирници кои ќе се конзумират е многу важен. Внесувањето поголеми количини мрсна храна и прејадувањето може да предизвика сериозни последици по здравјето.

Во првите денови по завршувањето на постот, исхраната треба да изобилува со зеленчук и овошје, а месото постепено да се внесува. Особено треба да се внимава со јајцата кои се симбол на Велигден и од кое не треба да се јадат повеќе од три на ден. Организмот во нормала се враќа по десетина денови.

Велигденскиот пост трае 48 дена и е најстрога форма на постење. Освен воздржувањето од мрсна храна и алкохол, треба да се воздржуваме и од лоши дела и зборови.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Полициски синдикат: „ЧЕСТИТКИ за постигнатото Министре Спасовски💖💖…

Полицискиот синдикат со сатиричен текст на фејсбук…

Го пријавив во полиција, проба да ме…

Композиторката и професорка на факултетот за музичка…