Здравковски: Нормално е во кризни состојби да имаме од 5 до 8 инфлација, Владата презема чекори
Пратеникот Игор Здравковски во емисијата Бизнис21 на ТВ21 оцени дека актуелната инфлација од околу 4,9 проценти е во рамки на очекуваното за време на глобални кризни состојби и нестабилни геополитички текови.
Тој се повика на проценките на Организација за храна и земјоделство на Обединетите нации, според кои во вакви услови е нормално инфлацијата да се движи меѓу 5 и 8 проценти, додавајќи дека државата се задржува во тие граници.
„Владата презеде конкретни чекори за ублажување на ценовниот притисок, како намалување на ДДВ-то и акцизите за горивата, со цел да се спречи понатамошно продлабочување на инфлаторната спирала“, вели тој.
Според него, сегашните ценовни движења се значително поумерени во споредба со 2022 и 2023 година.
Во однос на растот на цените на храната, тој посочи дека причините се повеќеслојни, нагласувајќи дека долгогодишното намалување на домашното земјоделско производство има значајно влијание. Како пример наведе дека во периодот од 2014 до 2022 година бројот на земјоделци е намален за околу 40.000.
Здравковски укажа дека цената на јагнешкото месо годинава достигнала околу 330 денари за килограм во откуп на жива мера, додавајќи дека пазарните цени дополнително се формираат според односот меѓу понудата и побарувачката. Притоа, не ја исклучи можноста за злоупотреби од страна на дел од трговците и прекупците, особено во контекст на непочитување на законите за нефер трговски практики.
Тој нагласи дека наместо избрзани мерки, потребни се темелни анализи и доследна примена на законите, како и засилени контроли од надлежните инспекторати. Воедно, ја критикуваше политиката на замрзнување на цените од минатото, оценувајќи дека таквите мерки краткорочно носат стабилност, но долгорочно создаваат дополнителен ценовен шок по нивното укинување.
Здравковски потсети дека во 2022 година, кога биле во опозиција, предлагале намалување на ДДВ и акцизите, но, како што рече, тие предлози тогаш не биле прифатени.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Здравковски: Нормално е во кризни состојби да…
Пратеникот Игор Здравковски во емисијата Бизнис21 на…
Ројтерс: САД и Иран чекор до договор…
САД и Иран се на чекор до…
Началникот на белгиската армија: До 2030 година…
Европа очекува војната во Украина да заврши…
Беџети- Тие што мислат дека ќе владеат…
Пратеникот од ДУИ екс градонашалник на општина…
Мицкоски: Ако се носат мерки ќе бидат…
Владата внимателно го следи движењето на цените…