Здружението на судии бара итно одмрзнување на платите или најавува протест

t

Здружението на судии на Република Северна Македонија (ЗСРСМ) бара итно одмрзнување на платите на судиите, зголемување на платите на судската администрација и распишување оглас за нови вработувања во судовите, со цел ефикасно и независно функционирање на судскиот систем. Од Здружението велат дека доколку продолжи уривањето на судскиот систем судиите ќе изнајдат друга форма на покажување на незадоволство и видлив протест.

Од Здружението велат дека веќе поднеле дополнување на иницијативата до Уставниот суд за оценување на законитоста на измените на Законот за плати на судиите, донесени на 25 февруари 2026 година. Тие сметаат дека пратениците со брза и популистичка постапка директно го прекршиле Уставот (член 32) и го нарушиле достоинството на судиската функција.

„Пратениците мора да престанат со менување закони само за да купат социјален и политички мир. Наместо штетни закони кои генерираат правна несигурност, потребни се решенија за независно судство како предуслов за европски напредок“, велат од Здружението.

Од Здружението појаснуваат дека по зголемувањето на функционерските плати од 78 отсто, платите на судиите во прв степен изнесуваат околу 86 000 денари, но нагласуваат дека без тоа покачување, тие би биле на ниво на просечната плата околу 50 000 денари, што е далеку под стандардите во регионот и ЕУ.

Со иницијативата, Здружението бара поништување на неуставно донесените-незаконски измени на Законот со кои платите на судиите остануваат замрзнати веќе трета година по ред.

„Пред гласањето на спорниот Закон, апелиравме до пратениците: не го кршете Уставот, не ги повторувајте грешките на претходните собраниски состави, не купувајте социјален мир со намалување на платите на една мала група на граѓани, напротив зголемете ги платите на сите’“,се наведува во соопштението од Здружението.

Од Здружението велат дека од ниските плати, одливот на кадар на судската администрација и неисплаќањето на додатоците, директни последици трпат странките во постапките односно граѓаните.

Инаку, минатата недела пратениците на седница ја утврдија потребата од носењето на пакетот законски измени со кои се нивелираат платите на избраните и именуваните лица. Со измените на шесте закони – меѓу кои за пратениците, избраните и именуваните лица, судиите, јавните обвинители и членовите на судскиот и обвинителскиот совет – се предвидува намалување на нивните плати од 10 до 13 илјади денари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Здружението на судии бара итно одмрзнување на…

Здружението на судии на Република Северна Македонија…

Се огласи братот на мајката која си…

Иако ми е тешко, сакам да се…

Арбен Фетаи останува без ниту еден пратеник…

Арбен Фетаи останува без пратеник. Мимоза Муса…

Руте утре доаѓа во Скопје, ќе има…

На 03.03.2026 година (вторник), во официјална посета…

Цените на нафтата пораснаа за 8% поради…

По ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток,…