Зеленски: Безбедносните гаранции за Украина од САД ќе бидат финализирани на највисоко ниво
Украинскиот претседател Володимир Зеленски нареди документот за безбедносни гаранции за Украина од САД да биде финализиран и доставен на разгледување на највисоко ниво, јави Укринформ.
– Разговаравме за распоредот за следните две недели во однос на состаноците, подготовката на документите и можните потпишувања. Наредив документот за безбедносни гаранции за Украина од САД да биде финализиран и доставен на највисоко ниво. Ова треба да биде документ од историско значење, а текстот веќе го достигна ова ниво, напиша Зеленски на социјалните мрежи.
Тој објасни дека им дал задача на премиерката Јулија Свириденко, вицепремиерот Тарас Качка и министерот за економија Олексиј Соболев да обезбедат целосен надзор и експертски преглед на сите економски аспекти на идните договори меѓу Украина и САД, како и трилатералните формати Украина-Европа-Америка.
Зеленски, исто така, ја нагласи потребата од јасност во врска со тоа дали Русија е подготвена да стави крај на војната. „Разбираме дека американската страна е во контакт со Русија во врска со политичката рамка за ставање крај на војната. Мора да има јасен одговор од Русија – дали е подготвена да ја заврши војната под реални услови. Доколку нема таква подготвеност, притисокот врз агресорот мора да продолжи да се зголемува, рече тој.
Украинскиот претседател, исто така, повика на построги мерки против руската „флота во сенка“ и финансиските шеми што овозможуваат заобиколување на санкциите. „Доколку Русија избере војна, светот мора да одговори со намалување на приходите од извоз во најголема можна мера“, рече Зеленски.
Претходно, тој откри детали од нацрт-документот на Киев од 20 точки за ставање крај на војната, како и дополнителни документи, вклучувајќи мултилатерална рамка за безбедносни гаранции меѓу Украина, САД и Европа, билатерален документ за американските гаранции и план за закрепнување и економски развој.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зеленски: Безбедносните гаранции за Украина од САД…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски нареди документот за…
Руте во Хрватска изјави дека Трамп ги…
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денеска…
ЕК: Европската унија може да го заштити…
Европската унија може да го заштити Гренланд…
Британските медиуми тврдат: Во тек се преговори…
Даунинг стрит води разговори со европските сојузници…
Објавен идентитетот на момчето кое ја усмрти…
На официјалната интернет-страница на Министерството за внатрешни…