Зеленски: Во Берлин ќе се разговара за достоен мир

t

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека наскоро ќе се сретне во Берлин со претставници на американскиот претседател Доналд Трамп и европските партнери на Киев за да разговараат за „политички договор“ за прекин на војната.

Зеленски во објава на Телеграм изјави дека ќе го слушне најновиот извештај од шефот на украинската преговарачка делегација и секретар на Советот за национална безбедност, Рустам Умеров, како и други членови на тимот за нивните контакти поврзани со мировниот процес, кои веќе се одржани.

„Началникот на Генералштабот на вооружените сили на Украина Андриј Хнатов и претставниците на одбранбениот и безбедносниот сектор ќе продолжат да работат на деталите за безбедносните гаранции за Украина“, рече Зеленски.

Според украинскиот претседател, украинските претставници водат разговори и со американските и европските партнери во врска со повоената обнова и развој на Украина. „Најважните состаноци ќе бидат моите разговори со претставниците на претседателот Трамп, како и состаноците со нашите европски партнери и многу лидери во врска со темелите на мирот, односно политичкиот договор за прекин на војната“, нагласи Зеленски. Украинскиот претседател смета дека Украина во моментов има „значајна шанса“ да ја заврши војната и нагласува дека украинските власти „работат на тоа мирот да биде достоен за Украина“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зеленски: Во Берлин ќе се разговара за…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека наскоро…

Зеленски: Стапија на сила санкциите за 700…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави дека стапиле…

Милиони Украинци без струја по жестоките руски…

Повеќе од еден милион домаќинства во Украина…

Виткоф викендов во Берлин на разговори за…

Американскиот пратеник Виткоф викендов на средби со…

Сијарто: Безбедноста на Европа ја гарантира НАТО,…

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто…