Објавено на:

Зеленски: Зборував со Трамп по телефон, има вистинска шанса да се стави крај на војната со Русија

t

Украинскиот претседател Володимир Зеленски им го честиташе Денот на независноста на американскиот претседател Доналд Трамп и на граѓаните на САД, по телефонски разговор што го оцени како „многу добар“.

Во објава на социјалната мрежа „Икс“, Зеленски изрази благодарност до САД „за досегашната помош за Украина — од системите ‘џавелин’ и ‘патриот’ до политичката поддршка“.

„Длабоко цениме што Америка стои покрај нас во одбраната на нашата независност“, напиша Зеленски, додавајќи дека му е благодарен на секој Американец кој се грижи за иднината на Украина, Европа и на сите во светот за кои слободата е важна.

Зеленски соопшти дека со Трамп разговарале и за актуелната состојба на фронтот, како и за дипломатските напори за завршување на војната.

„Постои реална можност да се стави крај на оваа војна, а решителноста на Америка е од клучно значење“, наведе украинскиот претседател.

Тој додаде дека со Трамп наводно се договориле разговорите да продолжат за време на самитот на НАТО во Анкара.

„Ви благодарам, Соединети Американски Држави! Ви благодарам, господине претседателе! Среќен 4 Јули! На Американците им посакувам продолжен просперитет и успех“, порача Зеленски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зеленски: Зборував со Трамп по телефон, има…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски им го честиташе…

Финска воведе ограничувања во воздушниот и морскиот…

Финска привремено го ограничи воздушниот и морскиот…

Косовскиот министер за одбрана: Косово гордо стои…

Вршителот на должноста министер за одбрана на…

Трамп: Иран ги прифати сите услови на…

Претседателот Доналд Трамп во четврток објави дека…

САД изгубија пристап до една четвртина од…

Една четвртина од сите стратешки резерви на…