Објавено на:

Зеленски: Подготвени се клучните документи за безбедносни гаранции и обновата на Украина

t

Претседателот на Украина, Владимир Зеленски, соопшти дека преговарачкиот тим се враќа од Мајами и дека деталите од разговорите ќе бидат познати во текот на утрешниот ден. Според него, за почетните нацрт-документи е направено сè што било потребно.

Зеленски истакна дека планот содржи 20 точки и дека, иако не е сè совршено, рамката веќе е поставена. Предвидени се безбедносни гаранции меѓу Украина, европските партнери и Соединетите Американски Држави, содржани во рамковен документ, како и посебен билатерален документ со САД за безбедносни гаранции.

Тој нагласи дека билатералниот документ ќе треба да биде разгледан од Конгресот на САД, при што одредени детали и анекси ќе останат класифицирани. „Во овој момент, сето тоа изгледа цврсто и достоинствено“, рече Зеленски, додавајќи дека станува збор за работни нацрти подготвени од украинската војска во соработка со САД.

Претседателот оцени дека фактот што документите се развиени заеднички со САД покажува дека страните се многу блиску до реален исход. Паралелно, се подготвува и првиот нацрт-документ за обновата на Украина, кој ќе ја дефинира економската стратегија.

„Јадрото на сите документи е подготвено. Постојат работи што ние не сме подготвени да ги прифатиме, како и работи што, сигурен сум, Русија не е подготвена да ги прифати“, изјави Зеленски. Тој додаде дека американската страна продолжува со разговорите со руските претставници и дека Украина ќе добие повратни информации по тие средби, при што од украинска страна сите потребни информации веќе се доставени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зеленски: Подготвени се клучните документи за безбедносни…

Претседателот на Украина, Владимир Зеленски, соопшти дека…

Пристигна и официјална потврда: Стопиран ИПАРД III…

Европската комисија (ЕК) денес соопшти дека ја…

(Видео) Хаос во Тирана: Молотови коктели кон…

Тензична ноќ во Тирана. Масовниот протест на…

Ахмети: Јас не сум претставник на мачки,…

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, рече дека…

Исплатени 336 милиони денари субвенции за 1.211…

Денеска е извршена исплата на средства во…