Зеленски: Русија го прекрши енергетското примирје и почна масовен напад

t

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека Русија го прекршила енергетското примирје и го игнорирала барањето на американската страна да се воздржи од напади врз енергетската и критичната инфраструктура посочувајќи дека Русија ги искористила претходните денови во кои не извршила напади врз енергетската инфраструктура за да натрупа сили за синоќешниот напад.

„Русите повторно ги игнорираа напорите на американската страна. Имаше барање од американскиот претседател Доналд Трамп да се воздржи од напади врз енергетската и критичната инфраструктура. За време на состанокот на нашите преговарачки тимови, американскиот претседател исто така ја нагласи потребата од прекин на нападите седум дена. Таа одлука беше многу важна. Практично, тоа енергетско примирје почна ноќта помеѓу четврток и петок, а следната ноќ Русите, според нас, го прекршија ветувањето“, рече Зеленски, пренесува „Укринформ“.

Тој изјави дека договорот вклучувал седумдневен прекин на нападите врз енергетската инфраструктура, но дека Русија не го почитувала тој договор.

„Или Русија сега смета дека неделата нема полни седум дена, туку помалку, или едноставно се потпира на продолжување на војната и ги чека најстудените денови од оваа зима кога температурата во голем дел од територијата на Украина е под минус 20 степени. Денеска имавме рекорден руски напад, тежок удар, особено со употреба на балистички ракети“, истакна Зеленски.

Тој додаде дека енергетското примирје не беше никаков подарок за Украина наведувајќи дека нападот е извршен со поголем број ракети и беспилотни летала отколку што било планирано во тоа време.

Зеленски рече дека по тој повод ќе стапи во контакт со американската страна и изрази очекување дека меѓународните партнери нема да молчат.

„Се надевам на фактот дека партнерите нема да молчат за она што се случува. Од клучно значење е да продолжиме да ги поддржуваме одбраната на нашата земја и заштитата на нашите граѓани“, рече украинскиот претседател.

Како што претходно објави „Укринформ“, ноќта помеѓу 2 и 3 февруари руската армија изврши напади со балистички и крстосувачки ракети, како и беспилотни летала, врз осум области на Украина, а меѓу целите беа и енергетски објекти.

Поврзани теми

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зеленски: Русија го прекрши енергетското примирје и…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека…

Косово воведе итна забрана за увоз на…

Косовската агенција за храна и ветеринарство донесе…

ЕК следната недела ќе презентира предлог за…

Претставници на сите директорати на Европската комисија…

Бугарски аналитичар: „Четвртата економија во Европа“ пред…

Во ироничен и саркастичен тон, бугарскиот аналитичар…

Клековски: Подготвени за пресврт за пушењето во…

🚭 Подготвени за пресврт за пушењето во…