Зеленски: Сакаме пари и технологија во замена за помош за заштита од иранските беспилотни летала
Украина сака пари и технологија во замена за помош на земјите од Блискиот Исток да се одбранат од иранските „камикази“ дронови, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски. „Не станува збор за учество во операции. Ние не сме во војна со Иран.
Станува збор за заштита и за наша темелна и целосна проценка за тоа како да се спротивставиме на иранските дронови“, рече Зеленски. Тој истакна дека секој од трите тима се состои од десетици луѓе, кои ќе спроведат проценки и ќе демонстрираат како треба да функционира одбраната од дронови. Според него, речиси десетина земји низ целиот свет побарале помош од Украина во спротивставувањето на овие напади.
Зеленски претходно изјави дека тимови се испратени во Катар, ОАЕ и Саудиска Арабија, додека друг функционер рече дека специјалисти се наоѓаат и во американската воена база во Јордан.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зеленски: Сакаме пари и технологија во замена…
Украина сака пари и технологија во замена…
Јапонија и Франција го отфрлаат предлогот на…
Велика Британија и Јужна Кореја го разгледуваат…
Анализа на Би-Би-Си: Не се само нафтата…
Војната во Иран може да предизвика светска…
Трамп не е подготвен за договор за…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека во…
Зеленски одликуваше војници на Денот на украинските…
Зеленски одликуваше војници на Денот на украинските…