Земјоделието порано беше егзистенција сега е бизнис

t

Бојан Ѓоргиевски, претседателот на здружението “Македонско прасе”, во вечерашната Топ Тема истакна дека е потребно на рафтовите во маркетите производите да се декларирани и според потеклото, тој како пример ја посочи Србија.

Тој посочи дека веќе 32 години (од независноста на Македонија) во земјоделскиот сектор се повторува истата реторика.

„Секогаш кога ќе се појави некаков проблем, првата реакција е „немаме храна“, рече Ѓоргиевски и додаде дека е време да се прекине со овој циклус и да се пристапи кон посериозно планирање.

Тој смета дека е потребно да постои јасна разлика меѓу луѓето кои се занимаваат со земјоделство само за субвенции и оние кои се „вистински“ производители.

„Претходните истражувања покажале оти помалите, непродуктивни земјоделци често земале повеќе средства од оние кои навистина произведуваат за пазарот“, рече Ѓоргиевски.

Според него новата програма за 2026 година има за цел да го смени ова преку субвенционирање по продаден производ, односно наместо само по површина или глава добиток, парите да одат кај оние што навистина предаваат производство. Потоа зголемени суми за сточарството, како зголемување на субвенциите за млеко (за 1 до 2 денари); драстично зголемување кај маториците (од 1.000 на 4.000 денари) и зголемување на поддршката за овчарството.

„И покрај тоа што државата ги зголемува финансиските средства, најголемата пречка е незаинтересираноста на младите“, рече претседателот на здружението “Македонско прасе”, во вечерашната Топ Тема и како главни причини ги истакна природата на работата, која се доживува како „тешка и валкана“ работа, без разлика на тоа колку се модернизира со нова механизација.

„Кога синовите или внуците на земјоделците ќе видат колку е напорен процесот, тие често одбиваат да продолжат по стапките на нивните претходници“, рече Ѓоргиевски.

Тој објаснува дека земјоделството веќе не е само начин да се преживее, туку станало бизнис со бројки. Потребен е голем обрт и ефикасност за да се биде конкурентен на пазарот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Земјоделието порано беше егзистенција сега е бизнис

Бојан Ѓоргиевски, претседателот на здружението “Македонско прасе”,…

Г7 ги ветуваат „сите потребни мерки“ за…

Водечките светски економски сили, обединети во Групата…

Третина од повредените во пожарот во Кочани…

Психолошките последици кај преживеаните од трагичниот пожар…

Нафташите алармираат: Европа ќе ја „изеде“ недостиг…

Глобалниот пазар на нафта и деривати се…

Спас за Прилеп: Бехтел и Енка е…

Граѓаните на протестот порачаа дека „Бехтел и…