Земјотрес ја стресе Македонија во 7.20 утрово

t

Земјотрес со јачина од 3,1 степен според Рихтеровата скала утринава во 7 часот и 20 минути беше почувствуван на територијата на Македонија, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ).

Според првичните податоци, епицентарот на земјотресот се наоѓа во пограничниот регион меѓу Косово, Србија и Македонија, на околу 35 километри југоисточно од Приштина и 11 километри источно-североисточно од Феризај.

Земјотресот е регистриран на длабочина од девет километри.

Од ЕМСЦ наведуваат дека станува збор за автоматска, колективно пријавена детекција, која сè уште не е официјално потврдена од сеизмолог.

Некои граѓани веќе се пошегуваа дека земјотресот бил уште еден утрински „аларм“ за работа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Силен земјотрес ја погоди Јапонија, издадено предупредување…

Јапонија е погодена од земјотрес со прелиминарна…

Силен земјотрес ја погоди Јапонија, издадено предупредување…

Земјотрес со јачина од 6,8 степени според…

Земјотрес во Индонезија со јачина од 6,7…

Земјотрес со интензитет од 6,7 степени според…

Утрово земјотрес во Центар Жупа

Земјотрес со јачина од 3,8 степени, според…

Силен земјотрес вечерва ја погоди Грција

Силен земјотрес со прелиминарна јачина од 5.5…